Дејан Манасков ни откри интересни тајни за него: Погледнете каков автомобил сака да вози во иднина…

Тимот на Веспрем прави навистина интересни, необични и крајно креативни интервјуа со своите ракометари пред стартот на новата сезона. На ред пристигна и нашиот репрезентативец Дејан Манасков, кој во интервјуто даде 20 интересни одговори на 20 несекојдневни прашања.

Унгарците беа навистина заинтересирани околу тоа што сака Манасков да јаде, пие, вози и прави во слободно време.

Во продолжение, погледнете ги дваесетте прашања и одговорите на Манасков.


1. Омилена храна?
Дејан Манасков: Сакам месо. Можам да кажам дека месото е моја омилена храна. Секаков вид на месо.


2. Омилен пијалок?
Дејан Манасков: Никогаш не сум размислувал за тоа. Можеби водата.


3. Омилена боја?
Дејан Манасков: Црвена и сина се моите омилени бои. Не знам зошто.


4. Омилени филмови?
Дејан Манасков: Сакам акции. Со Дензел Вашингтон во главната улога.


5. Омилен актер или актерка?
Дејан Манасков: Дефинитивно Дензел Вашингтон.


6. Омилен музичар?
Дејан Манасков: Да бидам искрен, не слушам многу музика. Слушам само кога радиото е вклучено.


7. Омилена песна?
Дејан Манасков: Претходното прашање го дава одговорот и на ова прашање.


8. Омилена книга?
Дејан Манасков: Не читам многу книги. Немам омилена.


9. Омилено животно?
Дејан Манасков: Куче. Добро е да чуваш ако имаш куќа. Но, јас немам. Мојот брат и мојата девојка имаат кучиња, обожавам да си играм со нив.


10. Ритуал пред натпревари?
Дејан Манасков: Ништо специјално. Единствено нешто за коешто се грижам е играта на теренот. Влегувам секогаш со десна нога на терен. Покрај тоа, немам други ритуали.


11. Најголем успех во кариерата?
Дејан Манасков: Кога завршивме петти на ЕП во Србија со националниот тим. Бев многу млад, имав само 19 години. Никогаш нема да го заборавам тој момент, тоа беше нашиот најдобар пласман во историјата.


12. Твојот идол е?
Дејан Манасков: Немам идол во животот. Во ракометот, го сакав Михаел Гигу уште од дете. Ми се допаѓа неговиот стил на игра.


13. Што ќе беше, да не си ракометар?
Дејан Манасков: Не знам. Можеби ќе возев автобус (се смее)


14. Покрај ракометот, кој е твој омилен спорт?
Дејан Манасков: Покрај ракометот, ја сакам и кошарката. Играв кошарка пред да станам ракометар, поготово за време на летниот период со пријателите. Омилен кошаркар ми беше Коби Брајант. Има добри играчи и сега, како Стеф Кари на пример.


15. Што правиш во слободно време?
Дејан Манасков: Сакам да уживам со пријателите.


16. Најубавиот град во кој си патувал?
Дејан Манасков: Сум видел многу убави градови. Роден сум во Кретеј, место близу Париз. Така, Париз ми е при срцето. Како млад живеев таму.


17. Автомобил од соништата?
Дејан Манасков: Не сум голем фан на автомобилите. За мене не е важно, се додека те служи. Ако морам да бирам, тогаш Ферари. Но, како и да е, не се грижам многу за автомобилите.


18. Твој најголем страв?
Дејан Манасков: Можеби змиите.


19. Твоето животно мото?
Дејан Манасков: Биди она што си. Биди нормален и гледај си ја работата.


20. Нешто што би сакал да го научиш?
Дејан Манасков: Сакам да научам да пеам. Знам малку, но не сум доволно добар.


 

Сподели

Оставете коментар