11 причини зошто својот iPhone треба да го замените со новиот BlackBerry KEYone

11 причини зошто својот iPhone треба да го замените со новиот BlackBerry KEYone

Да, на пазарот има и подобри паметни телефони, како што е на пример новиот BlackBerry модел.

Кога паметните телефони со екран чувствителен на допир го освоија пазарот и корисниците, се уште постоеше еден дел на корисници кои никако не можеа да го прежалат збогувањето од типките.

Последниот модел на паметен телефон кој ни доаѓа од BlackBerry би можел повторно да им ја врати насмевката на лицето на љубителите на оваа марка на телефони.

KEYone е опремен со QWETY тастатура и има привлечен аломински дизајн, а ќе работи на последната верзија на оперативниот систем на Anroid.

KEYone не е совршен телефон, но е прилично функционален и би можел да му парира на iPhone. Поготово кога речиси сите корисници најмногу време на своите телефони поминуваат пишувајќи на самата тастатура.

Тастатурата е главен адут на овој уред. Типките се доволно големи и за корисниците со големи прсти, а сепак е доволно мала да не ја намалува корисната површина на екранот чувстителен на допир.

Телефонот поседува 4.5 инчен екран, но е прилично посебен во светот на паметните телефони поради помалата резолуција која ја поседува од останатите паметни телефони кои работат на Android оперативен систем, но и покрај тоа прикажува чиста и доволно светла слика.

BlackBerry се одлучија да во потполност ја искористат тастатурата па така осмилија гестови за тастатурата благодарение на кои не морате да го допирате екранот доколку сакате да скролате низ апликациите или веб-страните. Паралелно на тоа, со придивжување на прстот налево кога типкате, ќе го избришете последниот напишан збор.

Празното место на тастатурата воедно служи и како сензор за отчитување на отпечатоци од прсти кој со својата брзина на работа може да му парира на iPhone 7 и Pixel Nexus.

Тастатурата е во целост програмибилна, односно секоја типка можете да ја претворите во кратенка која ќе покрене одредена апликација или акција. Тоа значи дека можете да имате вкупно 52 кратенки и речиси воопште не морате да го допирате екранот.

KEYone доаѓа со последната верзија на Android (7.1.1), како и Google Assistant, поради што може да се пофали со титулата “Еден од најажурните Android уреди кои се достапни на пазарот”.

Иако KEYone не е врвен уред како последниот Samsung Galaxy S8 или Pixel, неговите 3 GB RAM меморија и Qualcomm Snapdragon 625 процесор ќе ги задоволат потребите на поголем дел од корисниците чија примарна цел е испраќање на мејлови, користење на социјални мрежи и играње на игри. Треба да се истакне дека овој телефон доаѓа со 32 GB простор за складирање на податоци, кои можете да го зголемите со дополнителна microSD картичка.

BlackBerry отсекогаш се гордеел со своите сигурносни компоненти. Со години токму BlackBerry беше единствениот мобилен уред кој го имаше благословот на американската влада. Ниту KEYone не е помалку безбеден. Опремен е со дополнителен слој заштита низ DTEK апликација која постојано ги надгледува апликациите и податоците кои се инсталираат и складираат.

Батеријата е можеби вториот најголем адут на овој уред, KEYone доаѓа со батерија со капцитет од 3,505 mAh, што му обезбедува 24 часа активност на телефонот, а благодарение на полнењето на батеријата по пат на USB-C, батеријата целосно се полни за околу 35 миниту.

Неизоставен дел од секој BlackBerry уред е и BBM, односно BlackBerry Messenger. За оние кои се уште го користат (или никогаш не прежалиле), тоа е само дополнителен плус во таблицата зошто да го купите овој телефон.

И на крај, KEYone има класичен влез за слушалки. Да, знаеме во 2017 година тоа не би требало посебно да се истакнува. Но со оглед на тоа што производителите на паметни телефони се повеќе се фокусираат на безжичните слушалки, класичниот влез е нешто кое посебно треба да се издвои.

Да, знаеме, на пазарот има и подобри паметни телефони, но BlackBerry носталгичарите би можеле да бидат среќни поради тоа што овој модел навистина постои.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Google развива невидлив систем за сигурносни проверки на интернет

    Google развива нов систем за безбедносни проверки на веб-страниците, а досадниот начин “Im not ...

    Windows 10 ќе добие нов Game Mode со следниот update

    Компанијата најавува дека во следниот update на Windows 10 ќе воведе нов Game Mode ...

    Facebook апликацијата ќе ви покажува и временска прогноза

    Социјалната мрежа пробува со уште еден начин се подолго да ве задржи на нивната ...