5 изненадувачки последици од недостатокот на сон

5 изненадувачки последици од недостатокот на сон

Човечкото тело функционира најдобро кога ќе се навикне на одредена рутина, како на пример, ако секоја ноќ си легнете да спиете и наредното утро се разбудите во исто време.

Но, доколку ги пореметите овие навики со само една непроспиена ноќ, ќе забележите несакани последици.

Сите знаат дека непроспиената ноќ наредниот ден ве прави уморни, мрзоволни, нерасположени, нервозни и често депресивни, но науката откри уште неколку изненадувачки последици од недостатокот на сон:

1.Наредната ноќ ќе мокрите повеќе.

„Недостатокот на сон предизвикува мажите да произведуваат повеќе урина од жените“ – заклучи една студија направена во Универзитетската болница Аархус во Данска. Тоа значи дека кај мажите постои голема веројатност да си го пореметат сонот и наредната ноќ поради пречестите посети на тоалетот.

2.Наредниот ден ќе јадете повеќе (и повеќе нездрава храна).

Ако вообичаено спиете по осум часа, а потоа една ноќ спиете само четири, наредниот ден ќе изедете повеќе [нездрава] храна отколку во нормален ден. Според истражувачи на Беркли, способноста да донесете рационална одлука ќе ослабе, а желбата и мотивацијата ќе бидат појачани.

Испитаниците во тоа истражување после непроспиени ноќи фаворизирале нездрав оброк и „junk“ храна. Исто така тие имале зголемен апетит и генерално, поголема тенденција да бидат дебели.

3.Наредниот ден ќе ви биде поладно.

Уште едно изненадувачко откритие: после непроспиена ноќ, наредниот ден ќе ви биде поладно! Недостатокот на сон ја нарушува терморегулацијата на телото, а резултатите од една студија објавена во весникот SLEEP покажуваат дека тоа влијае врз автоматското регулирање на телесната температура.

Специјалистката за пореметување на сонот, др. Лиса Шивс вели: „Вашата телесна температура паѓа на најниска точка во текот на ноќта, додека спиете. Па така, доколку не сте спиеле доволно, вашата телесна температура може да започне да опаѓа спонтано.“

4.На другите луѓе ќе им изгледате поуморни, потажни и помалку привлечни.

Со цел да се истражи оваа теорија, Тина Сунделин од еден универзитет во Стокхолм спровела две различни студии.

Оценувачите имале за цел да гледаат фотографии на учесниците кои не спиеле 31 час и фотографии на истите луѓе после нормален сон. Оценувачите не знаеле кои фотографии ги гледаат, а исто така ги гледале и во различен редослед. Во првата студија, неспиените луѓе биле оценети како помалку атрактивни, а во втората, неспиените луѓе биле оценети како потажни од другите.

Заклучокот бил следниот: луѓето кои не спиеле доволно физички изгледале како помалку здрави, помалку атрактивни и поуморни. Перцепцијата за здравјето и привлечноста кај неспиените луѓе се намалила за 6%, додека пак перцепцијата за уморот се зголемила за 19%.

5.Неспиените мажи мислат дека жените се повеќе заинтересирани за нив.

Истражувањето кое го спровеле научници на Американската Академија за Медицина за Сон заклучиле дека една непроспиена ноќ кај мажите доведува до погрешна перцепција за интересот и сексуалните желби на жените.

Мажите кои не спиеле доволно, наредниот ден мислеле дека жените се повеќе заинтересирани за нив, т.е. за да имаат сексуален однос со нив. Научниците предупредуваат дека таквата перцепција може да доведе дури и до пораст на случаите на сексуално вознемирување.

Ова е првото истражување кое го поврзува сонот со романтичните и сексуалните одлуки.

 

 

 

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Најсмешните шеги на паровите кои не се плашат да ја тестираат својата врска (ФОТО)

Се наближува Денот на вљубените, што значи дека речиси е време за подготовка на ...

Џенифер Лопез и Дрејк ја потврдија својата љубов

Џенифер Лопез и Дрејк се во врска, а тоа го потврдија и официјално со ...