6 катастрофи кои би можеле да го уништат Светот

6 катастрофи кои би можеле да го уништат Светот

Нуклеарна војна, глобално затоплување, пандемија на некоја опасна болест…

Ова се само некои од потенцијалните закани кои би можеле да го уништат животот на Земјата.

Но, овде станува збор за нешто друго. Научниците сепак се одлучија за други шест катастрофи кои би можеле да не збришат од лицето на земјата, на кои дефинитивно не можеме да им се спротиставиме ниту со најмоќната технологија.

  1. Соларна бура

Сонцето не е баш мирно како што изгледа. Тоа има силно магнетско поле, а соларните бури кои ги создава, во судир со Земјиното магнетско поле, доведува до појава на Аурора Бореалис. Најсилната магнетна бура на Земјата е забележана во 1859 година а е позната како Царингтовиот настан. Во историјата имло слични настани, но со помал интензитет. Уште поголема и посилна соларна бура, можела да има смртоносни последици по луѓе, а не само по различните комуникациски и навигациски уреди.

  1. Удар на астероид

Астероидите се опасни, а тоа го потвртува и фактот дека биле причина за изумирање на диносаурисите. Во сончевиот систем се движат многу такви тела кои претставуваат реална опасност за Земјата и за животот на неа. Научниците развиваат системи кои би можеле да не заштитат од помали астероиди. Против оние поголемите сме дефинитивно беспомошни. Самиот удар веројатно во момент не би ја уништил планетата, но би предизвикал огромно цунами, пожари и други природни катастрофи кои би можеле да го уништат човечкиот вид.

  1. Ширење на Сонцето

Сонцето својот живот ќе го заврши за 7.72 милијарди години. Тогаш ќе ја отфрли својата надворешна атмосфера од која ќе настане планетарна маглина, а Сонцето ќе заврши како “бело џуџе”. Човечката раса нема да го дочека тој момент. Имено, како што сонцето старее, така ќе станува се поголема и поголемо, но и поладно. Ќе создаде соларна бура која ќе го успори движењето на Земјата, а како резултат на тоа, за околу 7.59 милијарди години, нашата планета ќе се распадне и ќе исчезне.

  1. Локална експлозија на гама зрачења

Таквите експлозии предизвикуваат бинарни ѕвездени системи или супернови, ѕвезди кои едноставно експлодираат. Станува збор за силни и моќни експлозии кои не траат повеќе од неколку секунди или минути. Радијацијата од една таква експлозија би можела да ја уништи нашата озонска обвивка, изложувајќи ги луѓето на силно УВ зрачење. Астрономите детектирале еден таков систем WR 104 кој би можел да предизвика таква експлозија. Оддалечен е 5200 до 7500 светлосни години , што не е доволно далеку за да бидат сигурни. Најлошото од се, е што не би знаеле дека ќе се случи. А во следниот момент, човечката раса повеќе нема да постои.

  1. Супернови

Суперновите се настани кога ѕвездите доаѓаат до крајот на својот живот, а во нашата галаксија се случува на секои 100 години. Таквите експлозии се чести кон средиштето на Млечниот пат, а Земјата не е во тој дел, што навистина претставува добар знак. Следната супернова би можела да биде ѕвездата Бетелгез која се наоѓа во соѕвездието Орион, оддалечена на само 460 до 650 светлосни години. За нејзината експлозија да ја оштети Земјината обвивка, би требало да биде оддалечена најмалку 50 светлосни години, со што изгледа дека сепак не претставува опасност за човечката раса. Но, сепак научниците не се доволно сигурни за да го потврдат овој факт.

  1. Ѕвезди кои патуваат

Некои од ѕвездите кои патуваат на својот пат низ Млечниот пат би можеле да дојдат толку близу до Сонцето и Оортовиот облак на кометски јадра, кој се наоѓаат на границата на Сончевиот систем. Тоа би можело да ги зголеми шансите да некои од кометите започнат да се движат кон Земјата.

Земјата е заштитена со хелиосфера, која настанува од делување на сончевиот ветер и не штити од космичко зрачење, но за 20 до 50 илјади години, таа би можела да биде помалку ефикасно што драстично ќе ги зголеми климатските промени и ќе ја натера човечката раса да се бори за прежиувавање.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Американско летало е на мисија повеќе од 600 дена и никој не знае зошто

    Американската војска продолжува да ја спроведува една од најтаинствените мисии во својата историја. Беспилотското ...

    Што се наоѓа под Скопје?

    Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје. ...

    Неколку начини како да ги препознаеме вонземјаните помеѓу нас

    Вонземјаните се меѓу нас и секојдневно се среќаваме со нив, но не сме во ...