8 работи кои треба да ги знаете пред да започнете со вежбање

8 работи кои треба да ги знаете пред да започнете со вежбање

Конечно донесовте одлука да започнете со некаква физичка активност: решивте дека од понеделник ќе почнете да вежбате, било тоа да е во теретана, кик-бокс, јога или трчање.

Меѓутоа и покрај цврстата одлука, во вас сигурно се јавува некој сомнеж: дали сум спремен/спремна? Дали знам што правам? Дали ќе ги добијам посакуваните резултати? Многу често овој сомнеж се појавува поради тоа што не сте доволно искусни во тоа што сакате да го правите и загрижени сте дека има премногу работи кои не ги знаете.

Овие 8 совети ќе ви помогнат да се чувствувате посигурно и да започнете полесно:

  1. Ќе има денови кога едноставно нема да сакате да вежбате

Нема секогаш да бидете мотивирани и тоа е сосема во ред. Мотивацијата е потребна за да започнете, меѓутоа навиката е таа што ќе ве натера да продолжите. Обидете се да бидете активни и во деновите кога не сте расположени за фитнес. Нешто е подобро од ништо. Всушност, ќе се чувствувате многу посилни психички кога сте успеале да ја победите прокрастинацијата.

  1. Клучно е да ја најдете вашата внатрешна причина

Најдете го вашето „големо зошто“. Зошто се решивте да вежбате? Дали тоа ќе ве направи да се чувстувате посамоуверено? Дали ви дава енергија? Дали сакате да бидете физички активни со вашите внуци?

Најдете причина која не е поврзана со тоа да ги импресионирате другите или да изгледате подобро од нив. Тие причини нема да ве мотивираат долго време.

  1. Напредокот нема да биде секогаш линеарен

Би било супер доколку резултатите се една права линија која постојано оди нагоре и нагоре. За жал, тоа не е така. Треба да разберете дека вашиот напредок нема да биде секогаш ист. Некогаш ќе биде побрз, некогаш побавен. Важно е да не се откажувате и да бидете конзистентни.

Исто така, треба да ја знаете и разликата помеѓу „бавен напредок“ и „стагнација“. Доколку не забележувате резултати повеќе од четири недели, тогаш е време да започнете со нешто ново. Изненадете го вашето тело: пробајте некои нови вежби , направете една серија повеќе, не се плашете да вежбате со потешки тегови и менувајте го начинот на вежбање на секои четири недели.

  1. Одморот е задолжителен

Лесно е да си поставите цел да вежбате секој ден во неделата и на почетокот навистина да го правите тоа. Меѓутоа на телото му треба одмор – премногу вежбање може да има контраефект врз здравјето. Можно е да се повредите, да ви се намали имунитетот и вашиот напредок да стагнира. Подобро е да почнете да го практикувате тоа од почеток пред да ги почувствувате негативните последици од прекумерното вежбање.

  1. Вашите цели ќе се менуваат со тек на време

Менување на целите значи и менување на начинот на вежбање, што пак е клучно за вашиот напредок (како што беше споменато погоре). Доколку влезете во некоја рутина и ја повторувате секој ден, многу е веројатно дека ќе ви здосади и ќе се откажете. Со менување на рутината, вие автоматски ги менувате и целите. На пример:  доколку сакате да ослабете, практикувајте кардиоваскуларен тренинг. Понатаму, доколку сакате да го затегнете вашето тело, започнете да одите во теретана. Доколку сакате да ја зголемите вашата мускулна маса и да бидете силни, тогаш дигањето тешки тегови ќе биде вашиот избор.

  1. Не се споредувајте со другите

Секогаш ќе постои некој што е послаб од вас, „пофит“, со позатегнато тело, посилен и така натаму. Не им обрнувајте внимание. Не знаете тие колку време претходно вежбале, какви вежби практикуваат и слично. Ова го правите лично за вас и само вие сте важни. Единственото прашање кое треба да си го поставите е: Дали сум подобар/подобра отколку вчера?

  1. Не се срамете да побарате помош

Секој почеток е тежок и затоа не треба да се плашите да побарате помош или совет, било тоа да е од фитнес тренер, некој ваш пријател кој веќе вежба подолго време, некој што е експерт во таа област или било кој што може да ви помогне. Искористете го искуството на другите и ќе ви биде мило што сте го направиле тоа!

  1. Вежбањето треба да биде забавно

Доколку трчате по неколку километри секој ден за да ослабете или вежбате во теретана со саати, а го мразите тоа, тогаш многу е веројатно дека за кратко време ќе се откажете. Не секому му одговара некоја физичка активност. Некој сака кардиоваскуларен тренинг, некој обожава јога, некого дигањето тегови го исполнува, а некој пак се чувстува „жив“ додека вежба тае-бо. Најдете ја онаа активност која најмногу ви се допаѓа и која ќе ви биде интересно да ја правите и верувајте дека ќе ги постигнете посакуваните резултати многу побрзо.

Овие совети нека ви бидат основа врз која ќе го изградите вашето мислење во врска со фитнесот. Нека таа основа биде позитивна за вежбањето да не ви претставува никаков проблем.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Народни верувања: Што значи доколку ви се истури кафе, или скршите чаша?

Луѓето во зависност од тоа колку се суеверни дури и се придржуваат до одредени ...

Отворен првиот подводен музеј во Европа

Во водите крај Канарските острови уметникот Џејсон ДеКерес Тејлор со својот тим поставија фигури ...

Направете го вашиот дом единствен и уникатен со помош на овие големи лего коцки

Доколку сакате да направите некоја промена во вашиот дом без да вклучувате професионалци во ...