Американците се плашат од роботите и нивната иднина

Американците се плашат од роботите и нивната иднина

За петнаесет години, роботите и вештачката интелигенција би можеле да заменат речиси 40% од работниците во САД, додека во Јапонија, таа бројка изнесува 21%.

За дел од работите за кои денес луѓето се образуваат, за десет до петанесет години веројатно повеќе нема да има побарувачка или истата ќе биде многу мала, не затоа што работите ќе исчезнат, туку поради тоа што тие ќе бидат извршувани од роботи, многу поевтино и поефикасно.

Бројни експерти со години предупредуваат на големите промени на пазарот кои можат да се очекуваат во иднина во која вештачката интелигенција и роботите ќе им ги украдат работните места на луѓето.

Роботите можат да работат во сите три смени, не им треба пауза, боловање, годишен одмор, плата, ниту пак за нив е потребно да плаќате добриноси, така што бројни компании луѓето ќе ги заменат со луѓето.

Според последното истражувања на PwC, најголема опасност од роботите им се заканува на работниците во САД, со што за петнаесет години роботите и вештачката интелигенција ќе загрозат дури 38% од работните места во оваа земја, така што без работа би можеле да останат десетици милиони луѓе.

Оваа анализа покажа дека голем губиток следи и во Германија – 35%, а тој процент е помал во Велика Британија (30%), додека во Јапонија таа опасност им се заканува на само 21% од човечката работна сила.

Во САД и Велика Британија голем број луѓе се вработени во сектори како финансии, транспорт, образование и производство, а на пример во финансискиот пазар се загрозени дури 61% од работниците.

Освен што многу луѓе ќе останат без работа (или ќе бидат послабо платени се со цел да можат да им конкурираат на роботите), уште еден од проблемите е зголемување на социјалната нееднаквост бидејќи вработените во секторот на пример за дизајнирање и производство на роботи, би можеле да бидат побогати, додека останатите би имале многу помали приходи.

Исто така, додека напредокот на технологијата од една страна на луѓето им ги зема работните места, во исто време ќе отвори и бројни нови работи, но поголем дел за високообразовните работници.

“Креативното и критичко размислување и понатаму ќе биде ценето, како и емоционалната интелигенција”.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Каков смартфон користи Трамп?

    По објавата на New York Times дека Трамп не сака да го замени својот ...

    Sony со нов update за PS4

    Компанијата пушти бета верзија од најновиот firmware за својата PS4 конзола. Во новата 4.50 верзија, ...

    Иднината пристигна – овој телефон има сензор кој покажува колку калории и масти има храната што ја скенирате

    Добредојдовте во иднината. Место каде што вашиот смартфон е ваш личен нутриционист. Компанијата Changhong ...