Блокирани општини во Македонија

Блокирани општини во Македонија

Што ја очекува Македонија?

По 15 мај граѓаните нема да можат да склучуваат бракови, нема да работи уличното осветлување, во случај на пожар противпожарните служби нема да можат соодветно да одговорат, нема да сообраќаат автобусите на јавниот превоз, десет илјадна администрација во локалната самоуправа, образованието и јавните претпријатија ќе остане без плата, а децата ќе треба да останат дома бидејќи нема да можат да функционираат градинките и учиштата.
Ова се само дел од последиците на кои предупреди Коце Трајановски, а кои ќе настапат поради истекување на мандатите на градоначалните и советите.
„Ќе се доведат во прашање функционирањата на општински јавни установи и тоа сите културни, образовни институции на локално ниво, противпожарна служба, како музеи, театри, домови на култура, спортски објекти, золошки градини и слично. Нема да може да се врши исплата на комуналии како струја, вода и слично во сите институции на локално ниво, што ќе значи дека истите институции, а пред се градинките и училиштата ќе треба да се затворат а децата да се испратат дома“, рече Трајановски на денешната прес конференција на ЗЕЛС.
Тој заедно со потпретседателите на ЗЕЛС, градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта и на Куманово Зопран Дамјановски, апелираше Собранието, итно и без одлагање, а најдоцна до петок да бидат донесени измени на Изборниот законик и наместо прва половина на мај, да се утврди нов датум за одржување на локалните избори. Се надева дека може да се прифати нивниот предлог и покрај тоа што собранието сè уште нема закажани активности.
„Овој закон се донесува со просто мнозинство, може да се донесе си просто мнозинство и да биде предложен од група пратеници и доколку се има волја возможно е да се донесат тие измени“, рече Трајановски.
Трајановски не сакаше да прејудицира каква може да биде одлуката на Уставниот суд кој утре ќе ја разгледува иницијативата од работна група од Министерствата за локална самоуправа и за правда и од Тодор Петров кои оспорија неколку членови од Законот за локална самоуправа, односно барат нивно укинување. Од СДСМ порачаа – Уставен да се држи до толкување, а не создавање на закони.
loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Дали е ова најчудната сообраќајна несреќа во Скопје?

    Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Стоковната Куќа Мост, кога автомобил буквално влета на ...

    Македонските научници добија 20 милиони евра за најважното откритие на планетава

    Македонските научници од познатиот универзитет со најважното откритие за човекот. Тие од Меѓународната истражувачка ...

    Повторно СНЕГ! Погледнете ја прогнозата за наредните денови

    Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до петок времето ќе биде претежно ...