БОМБА во центарот на Солун. Се евакуираат...

БОМБА во центарот на Солун. Се евакуираат…

Грчките власти подготвуваат масовна евакуација на населението од вториот по големина град Солун, од каде привремено ќе бидат иселени 72.000 жители за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна.

Според најавите, бомбата ќе биде деактивирана утре.

Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото каде е пронајдена, а оваа операција ќе трае неколку часа.

Евакуацијата ќе почне утре, во шест часот изутрина, а автобуси ќе ги одведат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Тие ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и кафулиња.

Властите ќе го евакуираат и блискиот бегалски камп, каде се наоѓаат околу 450 лица.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Повреден полицаец при напад во Прилеп

Полицискиот службеник е префрлен во ургентниот центар… Нападнат полициски службеник за време на работна ...

Експлодираше бомба! Бартра е повреден, се откажува натпреварот?

Полицијата потврди дека во близина на стадионот на Борусија Дортмунд експлодирала експлозивна направа. Германскиот ...

Албанците бараат редефинирање на Македонија?

Албанските коалициони партнери на Зоран Заев, наспроти гаранциите на лидерот на СДСМ за добивање ...