Бројот на корисници на Facebook наскоро ќе надмине 2 милијарди

Бројот на корисници на Facebook наскоро ќе надмине 2 милијарди

Позади Facebook е кваратло во кој се заработуваше повеќе од очекуваното, а бројот на месечно активни корисници достигна бројка од 1,94 милијарди.

Позади Facebook е уште еден одличен квартал во кои ги надмина очекувањата на аналитичарите и остварија приходи поголеми од осум милијарди долари, додека продолжен е и растот на бројот на корисници и се ближи денот кога оваа социјална мрежа ќе ја надмине бројката од неверојатни две милијарди корисници.

“Имавме добар почеток на годината. Продолжуваме да развиваме алатки за подршка на нашата силна глобална заедница”, вака Марк Закерберг ги коментираше деловните резултати за првиот квартал од годината.

Аналитичарите од Wall Street очекуваа дека компанијата на Закерберг во ова тромесечје ќе оствари приходи од 7,83 милијарди долари, но Facebook оствари поголем раст од очекуваното, со приходи од 8,03 милијарди долари, од што поголемиот дел се остварени од огласувањето.
Приходите од огласувањето на оваа мрежа во првите три месеца оваа година изнесувале 7,85 милијарди долари, што е зголемување од 51% во однос на истиот период минатата година, од што 85% се заработени на мобилниот пазар (зголемување во однос на 82% од за разлика од првиот квартал на 2016 година).

Но, како и минатата година, со објава на одлични финансиски резултати, од оваа компанија предупредија дека во иднина не треба да се очекува голем раст.

“Можеме да очекуваме намалување на растот на приходите од огласувањето во текот на 2017 година”, коментираше финансискиот директор на компанијата Дејвид Вехнер.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Mark Zuckerberg има вработено луѓе кои имаат само едно единствено задолжение

    Facebook профилот на Mark Zuckerberg изгледа невообичаено чист и среден за еден многу зафатен ...

    Погледнете како изгледа новиот кампус од 5 милијарди долари на Apple (Видео)

    Конструкцијата која започна во 2013-та година е речиси завршена. CEO-то на компанијата Tim Cook ...

    Како ќе изгледа светот во 2022 година? (Видео)

    Компанијата IBM произлезе со свои предвидувања за тоа каков ќе биде светот во 2022 ...