Бројот на жртви по терористичкиот напад во Лондон продолжува да расте

Бројот на жртви по терористичкиот напад во Лондон продолжува да расте

Најмалку седуммина се убиени во серијата инциденти кои се случија на Лондонскиот мост и во околината на мостот, соопштува полицијата.

Воедно полицијата соопштува дека тројца напаѓачи се убиени.

​„Седуммина цивили се убиени , според сегашниот извештај, тројца од напаѓачите кои се убиени од полицијата, а најмалку 48 се ранети и се однесени во шест болници во Лондон“ изјави претставник на противтерористичката единица Марк Роули.

Меѓу жртвите има и странци: најмалку еден австралијанец, и четворица француски државјани, од кој еден е тешко повреден.

BREAKING: London Bridge evacuated amid reports car mowed down pedestrians.
In addition, eye witnesses say several people have been stabbed. pic.twitter.com/YP4EN9Fm7o

Со комбе удираше директно во пешаците на Лондонскиот мост, додека другиот напаѓач вооружена, со нож упаднал во ресторан во околината на Лондонскиот мост на пазарот Бороу.
Инцидентите на Лондонскиот мост и на пазарот Бороу се прогласени за терористички напади.

„Жена со пресечен врат, влезе во пабот, барајќи помош. Крвавеше од вратот, изгледаше дека и е пресечен гркланот. Луѓето се обидуваа да го сопрат крварењето, додека да дојде брза помош“ изјавува за Би-Би-Си Алеx Селум, еден од очевидците.

„Напаѓаа тројца, со нож и ги убиваа луѓето. Видов како почнаа луѓе да трчаат и да вриштатат по нападот. Меѓу убодените имаше и девојка помлада од 20 години“ изјавува очевидец.

Во ресторанот е ранета келнерката со нож во грло, а машкото е рането со нож во грб.

Друг сведок, именуван како Герард, изјавува за Би-Би-Си како го видел еден маж кој лежел на земјата со убодни рани, а веднаш потоа видел како напаѓаат девојка.

„Видов како тројца муслимани со ножеви, почнаа да ја напаѓаат девојката. Беа тројца, јас бев беспомошен, не можев ништо да направам. Тие ја убиваа со нож, а таа викаше ,,Помош“, зборува сведокот за Би-Би-Си.

Весникот „Дејли мејл“ објави видео-снимка на која се гледа новинарот Џеф Хо кој е повреден во терористичкиот напад во Лондон.

loading...
  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    СНИМКА од нападот врз братот на Ким Џонг-Ун

    На сервисот Јутуб испадна снимка од нападот на братот на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун. ...

    Изгоре Салон за мебел во Прилеп

    Во Прилеп, на ул. „Леце Котевски“ вчера околу 13.30 часот , во салон за ...

    Објавена фотографија од повредениот Зоран Заев (ФОТО)

    По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу ...