Бугарија и Албанија сакаат да ја поделат Македонија

Бугарија и Албанија сакаат да ја поделат Македонија

Сведоци сме како претседател на една мала и животозагрозена Македонија им одржа лекција на сите политичари на југословенскиот простор.

Овој пат, тој одби да се сретне со Карл Билт, кој заедно со американскиот сенатор Џон Мекејн се најпрепознатливи лица на агресивната политика на она што го претпоставуваме како политички Запад.

Наместо средба – што на нашата географска ширина наложува сервилен, некој вид бонтон кога се работи за комуникација со треторазредни, а понекогаш и опскурни посетители како Јелко Кацин – Иванов уште еднаш го втера Билт во лага, пишува Стеван Гајиќ од Институтот за Европски студии во Белград.

На прашањето на еден македонски новинар дали тој барал прием кај Иванов, Билт, без размислување одговорил дека не побарал, а тогаш во македонските медиуми протече факсимил од дописот на Европскиот совет за надворешни односи, каде што Билт е копретседател, од кој се гледа дека оваа НВО пред 13 дена го известила кабинетот на Иванов дека би биле “воодушевени” да разговараат со македонскиот претседател за “огромните предизвици” со кои е соочен “Западниот Балкан”.

Кабинетот на Иванов ја потврди автентичноста на факсимилот од писмото на ЕЦФР. Наместо со Иванов, што беше главна цел на посетата, како и оние на претходните комесари на ЕУ за проширување, Јоханес Хан, Билт како и Хан се сретнаа со вообичаените соговорници – лидерите на партиите кои ја поддржуваат тиранската платформа, Зоран Заев од СДСМ и албанските партии.
Другиот аспект на посетата е потенцијално многу поопасен и посериозен.

Пред Билт, ЕЦФР најави и пристигнување на Роберт Купер, прв преговарач на ЕУ во процесот на предавање на државните ингеренции на Србија преку еуфемистички наречениот “Бриселски договор”. Купер е автор на книгата “The breaking of Nations: Order and Chaos in the Twenty-first century” Разбивање на нации, поредок и хаос во 21 век).

stevan-gajic-520×293Иванов на гости му се најавија и претседавачите на Центарот за либерална стратегија Иван Крастев, вишиот програмски директор на ЕЦФР Весела Чернева, директорот на програмата на ЕЦФР за проширување на Европа Фредерик Веслау, како и директорот Марк Ленард.

Времето ќе покаже дали ваквиот состав на делегациите, кои ги чинат и атлантски настроени Бугари како Крастев, се поврзани со интензивните преговори за формирање на нова бугарска влада, чии преговори се во тек овие денови. Судејќи по се, премиерот, со така тенко мнозинство, одново ќе биде Бојко Борисов, некогашен телохранител на бугарскиот диктатор Тодор Живков, познат по растурањето на проектот Јужен тек, со што директно ја подри бугарската (и наша) енергетска сигурност и забрзан развој заснован на евтин енергенс.

Целосната сторија, прочитајте ја овде.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Вонземјаните постојат

    Еве навистина интересна теорија, која и не е толку нова доколку сте го гледале ...

    Интервју со американскиот пилот кој убиваше мажи, жени и деца низ цела Србија

    1999 година, хуманитарната интервенција на НАТО силите кои убија илјадници мажи, жени и деца ...

    Вознемирувачки фотографии од војната во Сирија

    Војната во Сирија веќе трае со години, а пет милиони луѓе се иселени од ...