Четвртата серија на BMW доживеа благ редизајн

Четвртата серија на BMW доживеа благ редизајн

Coupe и Gran Coupe верзиите добија потврда суспензија, но удобноста нема да ги изгуби своите квалитети поради ова.

После три години на пазарот, BMW ја освежи четвртата серија. Треба навистина добро да се потрудите за да воочите било каква разлика, визуелно се речиси непрепознатливи.

Во внатрешноста пак, сепак има повеќе новости, најмногу во комбинацијата на бои кои се во понудата на баварскиот гигант. BMW ги редизајнираше сите 4 модели од Серија 4, Coupe, Gran Coupe, кабриолет и M4.

На предниот дел, ЛЕД светлата се заменија со ксенон, а задните светла добија нешто поинаква графика. Во внатрешноста на автомобилот, има повеќе хром, а BMW го освежи и инфотаинмент системот.

Во новата понуда ќе има четири пакета опрема, Advantage, Sport Line, Luxury и M Sport. Од BMW велат дека Coupe и Gran Coupe добија потврда суспензија, но поради тоа автомобилот дефинитивно нема да изгуби на удобност.

Што се однесува до моторите, бензинските започнуваат со 185 коњски сили во моделите 421i, па се до 326 коњски сили во 440i. Кај дизел моторите основниот мотор поседува 190 коњски сили, на моделот 420d, додека 435d xDrive развива 313 коњски сили.

BMW Серија 4 Gran Coupe е достапен само во верзијата 418d со 150 коњски сили. M4 Coupe и M4 кабриолет го поминаа истото затегнување на брчките, па нема поголеми новости.

Двата модели развиваат 425 коњски сили, со опционален “Competition Package”, каде што бројот на коњски сили се искачува на 444. За неколку месеци ќе биде претставен и посилниот модел на М4 CS.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    VW во април претставува електричен СУВ модел

    Производствениот модел во продажба ќе пристигне дури после 2020 година. Volkswagen после аферата “diselgate” ...

    Tesla Model 3 ќе биде десет пати побезбеден од просечен автомобил

    Хардверот и софтверот на Model 3 ќе овозможи големо ниво на активна безбедност, со ...

    Се очекува наследник на Opel Meriva

    Opel Crossland X стана вистински конкурент на Citroen C3 Picasso. За неколку дена ќе ...