Членовите на Црна Ружа, ги има и во Македонија

Членовите на Црна Ружа, ги има и во Македонија

Ретко можат да се сретнат информации за оваа сатанистичка секта која се појавува во 80 тите како урбан мит, или урбана легенда, но можат да се најдат теми на форуми кои имаат илјадници страни дискусија поврзана со оваа секта.

Но тимот на Арена издвои и истражи, информации кои можете да ги прочитате за оваа секта.

Последиците во војната на Југославија иницирале на основање на Секта, Сатанистичка црква.. Името на оваа секта, е прочуеното име Црна Ружа од кое и при самата помисла ве лазат морници.

Во поранешна Југославија оваа секта стекнала огромна популарност поради неколкуте случки во касарната во Суботица, кога се случиле две самоубиства на војници кои биле членови на Црна Ружа.

За Црна Ружа во јавноста се слушнало најпрво во 1992 година, кога Бора Лазукиќ, новинар од списанието Борбе, објавил дека открил група од 1500 до 2000 млади луѓе, кои се собирале на гробишта и изведувале сатанистички ритуали. Во тие групи имало многу малолетници, кои, после конзумирањето на дрога, оргирале и учествувале во ритуалите за жртвување. Оваа секта ја сочинувале повеќе националности, од кои, за жал имало и Македонци. Таинствениот таканаречен лидер на оваа секта, секогаш носи маска и наметка со капа, криејќи го својот идентитет, но тој течно зборувал српски.

За да можат да се зачленат во оваа секта најпрво тие мора да отидат на црните миси кои се организираат а на луѓето кои што сакаат да се зачленат им се служи црн леб и крв од животни, а молитвата оче наш ја кажуваат одпозади. Тие најчесто се тетовирааат со три шестки, пентаграми, хектаграми, голема буква Ф, како и крстови на своите стапала се со цел да го газат кога одат.

Припадниците на оваа секта се собираат на гробишта, во дискотеки, во напуштени складишта и во приградските шуми. Изминатите години оваа секта го проширила своето влијание низ целиот Балкан. Нејзините членови се идентификувани најчесто на православните гробишта, како слушаат гласна музика од избрани бендови и групи како: Devision, Bauhaus. Butthole surfers, MC 5, Test dept, Sisters of mercy, The Faust, Velvet Underground, корнејќи ги крстови од гробовите и повторно ги ставале во земјата, но наопаку.

На проповедите сите членови конзумираат дрога, и под надзорот на лидерот, влегуваат во транс. Првиот кој влегува во транс, се смета за посебен среќник и се доведува во центарот на исцртаниот пентаграм на некој гроб, кој го заменува олтарот. Тогаш лидерот на сектата го одредува терминот на самоубиство (жртвувањето во црна ружа). Терминот за самоубиство трае во рок од една недела, до година дена. Тој датум на одредениот среќник му се испишува во вид на тетоважа на левата рака измеѓу палецот и показалецот. Притисокот од останатите членови да изврши самоубиство и да направи жртвување е речиси преголем, така што тој нема друг избор.

Доколку на одредениот датум за самоубиство, лицето се наоѓа во војска или во странство, сектата наоѓа начин да му достави писмо на кое е нацртана црна ружа и е напишан датумот на самоубиство, што представува опомена. Во случај лицето кое треба да го изврши овој ритуал на саможртвување да се покае или пак да се предомисли од одредени причини, сектата го зголемува притисокот, вклучувајќи и телефонски закани како на пример, дека тие ќе го направат она што на сатаната и е ветено.

Иначе, на Сатаната се принесува, покрај човечка жртва од самата секта, се принесува и цивилна жртва од секојдневниот свет. Во САД се сретнувало како членови на оваа секта киднапираат девојче, се со цел на местото на проповедот, членови на сектата да ја силуваат, а потоа на одреден начин со бодежи низ цело тело да ја масакрираат до смрт, притоа да се прскаат со нејзината крв и ја принесуваат како жртва. Во поранешна Југославија за жртва најчесто се земало некое животно, а се забележани и чинови и на содомија пред убиството на овие животни. За ваша информација содомија е сексуален чин помеѓу човек и животно.

Саможртвувањата кои ја кренаа популарноста на Црна Ружа во јавноста

Првото жртвување се случува на 3 Јуни, 1993 година, во касарната на Јужноморавската бригада во Врање. Војникот Џозев Мендер убил шест војници, еден заставник а потоа се самоубил. Во подоцнежните истраги, се покажало дека на левата подлактица имал истетовран превртен крст и датум –Јуни 1993. Во текот на истрагата, во неговата соба во неговиот дом, се пронајдени: метален наопак крст, магазини, цртежи, разгледници на тема Bad Religion (Лоша Вера) и други амајлии кои недвосмислено го потврдуваат неговото присуство на сатанистичката секта Црна Ружа. Исти такви предмети се пронајдени и кај некои припадници на сектите Ватра пакла, Лоша вера итн, што само го потврдува фактот дека се рабоди за иста секта – односно Сатанистичка, само со различен назив. На пример, припадниците на Лоша вера не се разликуваат од припадниците на Црна Ружа, освен по тетоважата. Бидеејќи, нивните членови на левото рамо имаат истетовиран пентаграм, на десноиот антикрст, а зад увото три шестки. 

Само неколку дена по убиствата во касарната во Врање, во касарната Милка Митрович, војникот Нандор Киш од Суботица, во текот на својата смена за стража, убил еден војник и десетар, а неколку присутни потешко ги ранил, а потоа тој извршил самоубиство.Целта и на овој злочин е, жртвување на повеќе луѓе како и саможртвување кон сектата, како и принесување на жртви кон сатаната, односно колку повеќе луѓе се жртвуваат толку повеќе се зголемува моќта на Сатаната и се продолжува неговиот живот, и глобално да се направи хаос во светот. Меѓутоа оваа секта имала и политички цели, односно преку убиствата на самите членови да се покренат и вжештат меѓуетничките тензии во поранешна Југославија, како и да се разниша стабилноста и угледот на државата.

Во првите пет години од основањето на сектата државните власти незнаеле како да се борат со овие секти, а православната црква не одговориле на овие прашања за тоа како да се борат против овие добро организирани групи. По повод на многуте масовни убиства, реагирало само здружението на граѓани кое тогаш се борело против злоупотребата на луѓето и нивните верски чувства. Врските во тогашна Југославија на оваа секта на балканот се одржувале преку службеник од Белгијската амбасада, чиј идентитед никогаш не бил откриен.

По одредени истражувања самоубиството е трета причина за смртност кај лицата од 15 до 24 години, а шеста кај децата од 5 до 14 години. Оваа секта, само ги потпалува работите окулу тоа, односно ги наведува младите на смрт, се со цел жртвување кон Сатаната.

Црна ружа за жал постои и во Македонија, нејзините корени држат вода и до ден денес, според одредени гласини, таа се проширила од Тетовско, додека најголем подем имала во Струмица и Скопје. Во Македонија членовите на црна ружа биле приморани да го убијат членот од фамилијата кој најмногу го сакаат, со што тие си овозможуваат место во рајот. Во Македонија имало и посебен ритуал, односно членовите на оваа ружа, доколку први влезат во транс, или пак ја извлечат црната ружа, да го одземат својот, или животот на некој свој близок на голем Христијански празник како Водици, Великден и слично. Според некој истражувања во Македонија имала од 200 до 500 припадници на Црна Ружа.

Се смета дека на Балканот имало околу 200.000 – 350.000 членови, но дали знаевте каде спијат членовите на Црна Ружа? Доколку не сте знаеле, тие спијат во мртовечки сандак.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Бил Гејтс откри шокантни информации за непознатиот вирус

    Бил Гејтс на Конференцијата за безбедност во Минхен откри шокантни информации… Бил Гејтс на ...

    8-те најбогати луѓе имаат пари колку и половина луѓе на светот

    Прв и понатаму е Бил Гејтс. Осумте најбогати луѓе имаат толку голем имот како ...

    Фанта настанала како пијалок за нацистите?

    Да не беше Втората Светска војна, денес не би постоела популарната Фанта. Нема ништо ...