Детална анализа на случувањата во Сирија

Детална анализа на случувањата во Сирија

Роберт Кенеди Џуниор го преплаши народот во Америка, и ја замрзна елитата…

Робет Кенеди Џуниор ја отрки вистинската причина за бомбардирањето во Сирија, а тоа не е спроведено поради недостаток на правда во државниот систем.

Роберт Кенеди Џуниор храбро откри дека сириската инвазија од страна на администрацијата на Трамп е уште една војна за нафта.

Како што се наведува во есејот напишан 6 недели пред нападот со гас врз сириските граѓани, Кенеди објаснува како САД ги финансира и управува со терористичката организација ИСИС се со цел дестабилизација на регионот, што би резултирало со превземање контрола над снабдувањето со нафта во регионот.

“Со оглед на тоа дека нашиот фокус е насочен кон тоа да го разбереме растот на Исламската држава како и изворите на насилство кои одземаа толку многу невини животи во Париз и Сад Бернандино, веројатно би сакале одговорите да ги пронајдени надвор од религиските и идеолошките објаснувања. Наместо тоа, би требало одговорите да ги бараме во комплексната историја на патот на нафтата.”

Многу е непријатен записот на американските насилни интервенции во Сирија, помалку познат на Американците, но добро познат на Сиријците, кој го посеа сириското тло со семе на Исламската држава, а кое денес израсна во комплексна терористичка структура кој претставува вистински тумор на сириската влада. Се додека на американската јавност, како и на политичарите, оваа историја им е непозната, следните интервенции само ќе ја продлабочуваат кризата.

Како што Њујорк Тајмс објави на 8-ми декември во 2015 година на насловна страна, политичките лидери и стратешките планери на ИСИС работат на тоа да предизвикаат американска воена интервенција која, како што знаат од искуство, ќе ги преплави нивните редови на доброволци, ќе ги загуши гласовите на починатите и ќе го обедини исламскиот свет против Америка.

Да би ја разбрале оваа динамика, историјата би требало да се согледа од сириска перспектива и од агол на самиот корен на моменталниот конфликт. Многу пред американската окупација на Ирак во 2003 година, која беше безбедносен прекинувач на Сунитската револуција која сега прерасна во Исламска држава, ЦИА џихадистите ги негуваше како студено-воено оружје, и така релацијата САД-Сирија беше оптеретена со отровен багаж.

Во текот на 1950-тите години, претседателот Ајзенхауер и браќата Дул, директорот на ЦИА и државниот секретар, одбиле педлог договор со Советите, да блискиот исток биде неутрална зона на Студената војна и да на Арапите им се дозволи да владеат со арапскиот свет. Наместо тоа, започнале тајна војна против арапските националисти – кои Алан Дул ги изедначил со комунистите – поготово кога арапското самоопределување ги загрозило нафтените концесии.

Испумпувале тајна воена помош на тираните од Саудиска Арабија, Јордан, Ирак и Либан. На еден состанок во Белата Куќа, на кој присуствувале директорот за планирање на ЦИА; Френк Визнер и ЏОн Фостер Дул, во септември 1957 година, Ајзенхауер ја советувал агенцијата “Би требало да направи што е можно повеќе, за да го истакнеме аспектот на света војна”.

ЦИА го започнала своето активно мешање во Сирија во 1949 година – една година после формирањето на Агенцијата. Сириските патриоти им објавиле војна на нацистите, ги депортирале колонијалните владетели на Франција и создале лесно кршлива секуларистичка демократија заснована на американски модел. Март 1949 година, сирискиот демократски избран претседател Шукри ал Кувајт, се фокусирал на соборување на Транс-Арабискиот гасовод, американски проект кој би требало да ги поврзе нафтените полиња на Саудиска Арабија со пристаништата во Либан преку Сирија.

Во својата нова книга “Наследство од пепел”, историчарот Тим Винер кој ја следел работата на ЦИА, се сеќава дека во знак на одмазда на недостатокот на ентузијазам на новиот сириски претседател за проектот со американскиот гасовод, ЦИА организирала судир за менување на претседателот со избран диктатор, осудуваниот криминалец Хусни ал Заим. Ал Заим едвај имал време да го распушти Парламентот и да го одобри американскиот гасовод, кратко време потоа, неговите сонародници го тргнале од власт, само четири месеци откако Американците го седнале во фотеља.

Следеле неколку контра-удари во новата дестабилизирана држава. Сирискиот народ повторно се свртел кон демократијата во 1955 година, поторно бирајќи го ал Кувајт за претседател и неговата партија за владеачка. Ал Кувајт уште бил неутрален во однос на Студеанта војна, но со искуство како американското мешање во неговиот двор, се свртел и пристапил на страна на Советите. Тоа ги натерало директорите на ЦИА, да објават војна со Сирија, и да испратат двајца магионирачи кои се родени за државни удари, Ким Рузвелт и Роки Стоун во домаск.

Две години порано, Рузвелт и Стоун, организирале државен удар во Иран против демократски избраниот претседател Мухамед Мосадег, бидејќи тој се обидел повторно да преговара за неразјаснетите услови од договорот помеѓу британскиот нафтен гигант, BP. Мосадег билпрвиот избран претседател во историјата на Иран долга 4.000 години и бил популарен заштитник во демократијата на светот кој во тоа време бил во огромен развој. Мосадег ги протерал сите британски дипломати бидејќи открил обид за организирање на државен удар од страна на британските разузнавачи кои работеле во рамките на BP.

Мосадег, сепак направил грешка, бидејќи се потпрел на молбите на своие советници да ги протера и ЦИА, кои според нивните, оправдани сомнежи биле сојузници во британските намери. Паралелно на тоа што Дул навистина вознемирувал, претседателот Труман забранил ЦИА активно да се вклучува во британската намера да го симне овој претседател од власт.

Кога Ајзенхауер го превземал кабинетот во јануари 1953 година, истиот момент ги пуштил ЦИА во операцијата наречена Ајакс, Стоун и Рузвелт по неколку години мачење, предизвикале исламска револуција, но во далечната 1979 година.

После успехот на оваа операција во Иран, Стоун пристигнал во Дамаск, во 1957 година, со три милиони долари се со цел да ги наоружи и подигне исламските милитанти и да ги подмити сириските воени официри и политичари да го симнат демократски избраниот претседател од власт. Според книгата “Тајните војни на ЦИА”, Џон Прадос, работејќи со муслиманското братство и со добиениот буџет од милиони долари, Роки Стоун добил идеја да го убие сирискиот шеф на разузнавачката служба, началникот на Генералштабот и шефот на комунистичката партија и да произведе национална конспирација ширум Ирак, Либан и Јордан, а за тоа да ги обвини Сириските Басисти.

ЦИА планирала да ја дестабилизира Сирија и да направи вовед во инвазија која би ја спровеле Ирак и Јордан, чиј влади биле под контрола на ЦИА. Рузвелт и тогаш предвидел дека новопоставената марионетска власт ќе се потпира на репресивните мерки и арбитрарната извршна власт.

Меѓутоа, сите новајлии во ЦИА имале успех во корумпирањето на сириские воени офицери. Војниците известувале за Басистичкиот режим и за обидите за подмитување. За одмазда, сириската војска ја нападнала американската амбасада, заробувајќи го Стоун. После жестоко испитување, Стоун на ТВ ја признал својата улога во иранскиот државен удар и обид на ЦИА да ја отстрани демократски избраната влада на САД.

Сиријците ги протерале Стоун и двајца други службеници на амбасадата и тоа бил првиот пат кога службеници на американската амбасада бидат протерани од една арапска земја. Белата куќа на Ајзенхауер, секако, ги отфрлила сите сириски тврдења, телевизиското признание на Стоун го нарекле фабрикација, и сетоа тоа американските медиуми го проголтале како ништо да не се случило.

Сирија ги исчистила сите политичари кои ги симпатизирале САД и ги погубила воените офицери кои биле поврзани со државниот удар. Во знак на одмазда, Америка ја довела Шестата флота во Медитеранот, се заканила со фујна и ја буцкала Турција да ја нападне Сирија. Турците, стационирале 50.000 војници на граница со Сирија, па се повлекле пред Соединетите Арапски држави, бесно да одговорот на провокацијата од страна на САД и Турција.

Дури и после протерувањето, ЦИА продолжила со своите напори да ја отстрани демократската избрана власт во Сирија.

После вториот обид за државен удар во Сирија, антиамериканските нереди го протресоа Блискиот исток: од Либан до Алжир. Помеѓу настаните бил и ударот на 14 јули 1958 година, предводен од страна на новите антиамерикански настроени воени офицери кои го собориле иранскиот проамерикански монарх Нури ал Саид. Организаторите на државниот удар, објавиле тајни владини документи кои разоткриваат како Нури ал Саид бил добро платена марионета на ЦИА.

Како одговор на американските игри, новата иранска влада ги повикала советските дипломати и економските советници во Ирак, со што му го завртела грбот на Западот.

Ким Рузвелт потоа заминал на Блискиот исток да работи за нафтената индустрија, паралелно служејќи и на својата кариера во ЦИА. Замената на Рузвелт на местото на шеф на ЦИА, Џејмс Кричфилд, се обидел да организира атентат на новиот ирански претседател и да инсталира нова партија на власт во Ирак.

Харизматичниот млад убиец, познат како Садам Хусеин, бил еден од истакнатите луѓе на ЦИА и лидер на новиот тим. Партискиот секретар, Али Сали Сади, кој пристигнал заедно со Садам Хусеин, подоцна зборувал “На власт дојдовме со силниот воз наречен ЦИА”. Според сеќавањата на Саид Абруиш, новинар и писател, ЦИА на Садам му испратила лист за одстрел на луѓе, кои требало да бидат ликвидирани веднаш, за да се обезбеди целосен успех.

Кричфилд поцона признал дека ЦИА во суштина го создала Садам Хусеин. Во текот на ерата на Реган, ЦИА го снабудала Хусеин со милијарди долари низ обука, поддршка од специјални сили и единици, оружје и разузнавачки податоци од терен, иако знаеле дека користи нервен гас и биолошко оружје, дури и антракс кој го добил од владата на САД – во војната против Иран.

Реган и новиот директор на ЦИА, Бил Кејси во Садам виделе потенцијал на пријател на американската нафтена индустрија и важна препрека во ширењето на иранската исламска револуција. Доналд Рамсфелд, во текот на посетата на Багдад во 1983 година, му донел на Садам неколку златни каобојски мамузи и мени на хемиско и биолошко, но и конвенционално оружје.

Истовремено, ЦИА нелегално го снабудала непријателот на Садам, Иран со илјадници противтенковски и противавионски ракети се со цел да се борат со Ирак. Џихадистите од двете страни, подоцна искористиле поголем дел од наоружувањето кое ЦИА им го донирала, против Американскиот народ.

Дури и кога Америка размислувала за уште една насилна интервенција на Блискиот Исток, поголем дел од Американците не знаеле дека бројните грешки на ЦИА, кои биле резултат на повратен удар, помогнале во сегашната криза. Со децении, агенцијалните игри и денес одекнуваат на Блискиот Исток, а во нивните главни градови, од џамии до мадраси може да се сретнат портрети на демократијата и умерениот ислам, кој ЦИА директно го уништува.

Парадите на иранскиот и сирискиот диктатор, вклучувајќи го Башар ал Асад и неговиот татко, ја создаваат историјата на Агенцијалните крвави државни удари како вовед за нивната авторитарна влада, репресивни тактики и нивна потреба за сојуз со Русија. Овие приказни се добро познати за народите во Сирија и Иран кој американската интервенција ги интерпретира како соствен дел од нивните национални истории.

Од друга страна, додека наративните американски медиумски папагали, американската воена поддршка на побунениците во Сирија ја прикажуваат исклучиво како хуманитарна, многу Арапи во сегашната криза гледаат како уште една посредничка војна поради гасоводи и геополитика. Пред било каква подлабока анализа, би требало, да се позанимаваме и со некои постоечки факти кои навистина го поддржуваат нивниот агол.

За нив, американската војна против Башар ал Асад, не започнала со мирни протести во текот на арапската пролет во 2011 година. Тој за нив започнал во 2000 година, кога Катар предложил изградба на 1.500 километри долг гасовод во вредност од 10 милијарди долари, кои би требало да мине преку Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција.

Катар го дели со Иран Јужното Парс-Северно поле, гасно наоѓалиште кое е најбогато наоѓалиште на природен гас во светот. Меѓународното трговско ембарго кое до неодамна беше на сила, му забрануваше на Иран да продава гас. Во меѓувреме, катарскиот гас можеше да дојде до европскиот пазар само во течна состојба, доставуван по пат на морски патишта. Во таква состојба, гасот е ограничен во количини, и претставува прилично скап енергент.

Предложениот гасовод би требало директно да го поврзе Катар со европскиот пазар преку дистрибуциони терминали во Турција, кои дебело би наплатувале транзит. Катарско-турскиот гасовод на тој начин на кралствата од Персискиот залив би им донел доминација на светскиот пазар на природен гас и би го зајакнал Катар, иначе најблискиот американски сојузник во Арапскиот свет. Во Катар се наоѓаат две американски воени бази и централната команда на САД за блискиот исток.

Европската Унија, која добива 30% гас од Русија, исто така би била подеднакво заинтересирана за гасоводот, кој на нивните членки би им овозможил поевтин гас и прекинување на соработката со Русија, зајакнувањето на нивната економија и политичко влијание.

Секако, Русите 70% од својот извоз на гас го продаваат во Европа, гасоводот Катар-Турицја би го разбрале како егзистенцијална загана. Од перспективата на Путин, катарскиот гасовот, е план на НАТо во корист на промена на статусот кој Русија ја означува како велесила. Во 2009 година, Асад изјави дека ќе го одбие потпишувањето на договорот кој би овозможил гасоводот да оди преку Сирија, се со цел да ги заштити интересните на руските сојузници.

Понтаму, Асад ги налути заливските монархии со предлогот кој го одобриле Русите да се изгради “Исламски гасовод” кој би минувал од Иран преку Сирија па се до пристаништето во Либан.

Исламскиот гасовод би го направел шитскиот Иран доминантен снабдувач на европскиот енергетски пазар, а не сунитскиот Катар, а истовремено драматично би го зголемил влијанието на Техеран во регионот на Блискиот Исток, но исто така и во светот. Израел, исто така одлучно тргнал во опструкција на Исламскиот гасовод кој би ја ојачал Иран и Сирија, а така и нивните сојузници: Хезболах и Хамас.

Тајните телеграми и извештаи на разузнавачките агенции на САД, Саудиска Арабија и Израел покажаа дека во моментот кога Асад го отфрлил предлогот за изградба на Катарскиот гасовод, да воените и разузнавачките планети набрзо договориле да предизвикаат сунитско востание во Сирија се со цел да го исфрлат Башар ал Асад од власт поради неговата некооперативност. Како што наведува WikiLeaks од 2009 година, набрзо откако Асад го одбил катарскиот предлог, ЦИА започнала да ги финансира опозициските групи во Сирија.

Семејството на Башар ал Асад им припаѓа на Алативите, муслиманска секта која е блиска до шиитите. Баша ал Асад никогаш не би требало да биде новинар, изјави новинарот Симон Херш Тој открива дека неговиот татко го вратил од школување на медицинскиот факултет во Лондон, кога неговиот постар брат и наследник на тронот е убиен во автомобилска несреќа.

Никој не знаеше за случувањата во Сирија, се додека Џихадистот Џон не започанл да убива заробеници во живо на Телевизија, тогаш Белата куќа започна да спинува, да раскажува приказни за рушењето на Асад, и за регионалната стабилност во Сирија. Администрацијата на Обама започнува да додава повеќе светло во просторот помеѓу Сирија и побунениците кои самите ги финансирала.

Ширум Блискиот Исток, арапските лидери рутински го обвинувале САД за формирање на Исламска држава со многу јасна намера. Суштински, поголем дел од борците на Исламската држава и нивните команданти биле идеолошки наследници на дихадистот кој ЦИА го негирала повеќе од три децении од Сирија и Египет, па се до Авганистан и Ирак.

Пред американската инвазија на Ирак, не постоел Ал Каеда во Садамовиот Ирак. Претседателот Џорџ Буш го уништил секуларистичкиот режим на Садам Хусеин.

Тим Клементи, поранешниот претседател на заедничките специјални единици на ФБИ, изјави дека разликата помеѓу конфликтите во Ирак и Сирија, е тоа што милиони воено способни мажи бегаат од војната во Европа, бидејќи не сакаат да водат туѓа војна.

Време е Американците да прекинат со империјализмот и да се вратат на патеката на идеализмот и демократијата, имајќи во предвид дека поради нивните чекори, за неколку децении настрадаа милиони.

Пишува: Трајче Брлев
Главен и одгворен уредник 
loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Ужасот на Северна Кореја

    Една жена која побегнала од харемот тврди дека имала 15 години кога војниците ја ...

    Што се крие длабоко во шумата на 15 километри од Кичево?

    Свињиште, планинско село на 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар. ...

    Вистината за Арачиново излезе на виделина

    Демократот Глен Нај е добитник на награда на честа на Стејт департментот за неговата ...