Доколку планирате да купувате нов iPhone, ова се одлични вести за вас

Доколку планирате да купувате нов iPhone, ова се одлични вести за вас

Некои аналитичари веруваат дека цената на новиот модел на iPhone нема да биде поголема од илјада долари, како што пред некое време информираа некои медиуми кои ги следат најновите технолошки новитети.

Со месеци читаме информации поврзани со претставувањето на најдобриот паметен телефон на Apple досега – иако секој модел е подобар од претходникот, гласините велат дека Тим Кук и екипата од оваа компанија за десетиот роденден на овој геџет подготвуваат нешто посебно. Така, освен наследникот на iPhone 7 и 7 Plus, оваа година можеме да очекуваме и уште еден модел кој наводно ќе има голем закривен OLED екран, најдобриот хардвер на Apple, можност за безжично полнење на батеријата и бројни други напредни опции.

Според раните информации (кои, секако, од Apple никогаш не ги коментираат), цената на основниот модел на овој iPhone требаше да изнесува повеќе од илјада долари, што ги разочара големиот дел од љубителите на оваа компанија, бидејќи дури и со потпишување на двогодишен договор, цената би им била преголема. Но, според новите гласини кои се објавени вчера, изгледа дека новиот iPhone сепак треба да бидеп оевтин, а на Forbes како една од причините ги наведуваат моделите Galaxy S8 на Samsung, кој доаѓаат со одличен хардвер и екрани со дијагонала од 5,8 и 6,2 инчи, чија цена ќе изнесува 750 и 850 американски долари.

Цената на основниот модел на iPhone 7S со екран од дијагонала 4,7 инчи ќе изнесува 649 долари, модел 7S Plus со 5,5 инчен екран ќе чини 769 долари, а новиот топ модел наводно ќе биде само осумдесет долари поскап. Така, основниот модел на iPhone Pro (или како ќе се нарекува новиот модел) со капцитет од 64GB наводно ќе чини 849 долари, додека цената на овој модел со 256GB меморија можеби навистина ќе изнесува повеќе од илјада долари. Треба да се напомене дека овие гласини не се темелени на некои инсајдерски извори поврзани со Apple, туку на информации на аналитичарите кои ги предвидуваат цените на новиот iPhone.

Во текот на наредните месеци, се очекуваат бројни нови гласини поврзани со хардверот и цените на новата генерација на паметни телефони на Apple, а за официјални информации треба да почекаме уште повеќе од пет месеци, кога Тим Кук официјално ќе ги претстави новите модели на iPhone.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Погледнете ја новата урнебесна реклама за World of Tanks

    Откако Стивен Сигал ја промовираше World of Warships, сега на ред дојде Долф Лундгрин ...

    Facebook повторно го копира Snapchat

    Опцијата Stories што Facebook ја вметна во Messenger апликацијата, сега ќе ви биде достапна ...

    Инстаграм со нови правила?

    Една од најпопуларните социјални мрежи Instagram, која е во сопственост на Фејсбук во последниот ...