Едноставно објаснување зошто кокаинот прави од луѓето будали

Едноставно објаснување зошто кокаинот прави од луѓето будали

Кокаинот е навистина забавна дрога зарем не?

Не ми паѓа напамет ниту една друга супстанца, освен можеби алкохолот, која има моќ да, релативно пристојно, нормално човечко суштество го претвори во ебан ноќен кошмар. “Да, да, брат, пробај го воа брат”.

Вака некако изгледа кога ти се дере пријателчето додека ти набива флаша од некоја ебана полска ракија во грлото. “Хаха” со ова не престанува, тој е целосно друга личност од онаа која ја познаваш, и тоа после само четири линии.

Многумина од нас стануваат расцепена вилица од ајкула после пола линија – многумина од нас стануваат самољубиви, арогантни, опседнати со себе и без свест за тоа што го прават. Но некои од нас го прават токму спротивното.

“Кокаинот на некој начин ги врти луѓето да се гледаат себе си, така што стануваат или интровертни или многу друштвени, но и едните и другите, помалку доминантни или опседнати со себе”, вели Кејти Меклауд, директорка на Chill Welfare, социјално претпријатие кои управува со организацијата на фестивалите ширум Британија.

Науката тврди дека можете да ја излечите зависноста од кокаин

“Големото прашање во врска со кокаинот е како влијае на човекот и неговото чувство кон самиот себе, и како се однесува кон другите кога е под дејство на кокаин. Тие две работи често не се вклопуваат. Можеби некој мисли дека е навистина вицкаст и отворен кон сите, а други го гледаат како опсесивен човек кој премногу замара.”

Науката дефинитивно не може на хемиски начин да докаже зошто навистина кокаинот прави будала од секој кој го користи.

Меѓутоа, дрогата овозможува создавање на навики, така што во моментот на конзумирање на дрога, импулсите на лицето кое конзумира се полни со мотвација за дрога и се создава систем на навики, така што тоа го правите и без размислување.

Кокаинот не е како останатите дроги, овде немате физичка зависност, туку се работи за силна психолошка навика. Се чувствувате анксиозно, лошо, а токму ова се причините и дополнителните мотивации повторно да земете дрога.

Според науката, сите овие потреби можат да бидат зајакнати или ослабени со чест додаток на оваа мешавина: алкохолот. Комбинацијата всушност создава нова дрога – кокаетилен – кога овие два елементи ќе се сретнат во црниот дроб, драстично ги зголемуваат шансите за срцев удар, дури и до 12 часа после конзумирање.

“На пример, еднаш сте конзумирале со другарите на некоја журка и сте уживале во тоа, а потоа два месеци подоцна, повторно, но наместо секои два месеца, одеднаш со тоа срање започнувате секоја сабота, па сега мислите, што фали, кул сум, тоа е само во сабота. Дали тоа навистина го сакате, или ви е кул што сте со екипата па ајде, кога сте веќе тука, а воопшто не го сакате. Доколку е тоа во прашање, тогаш тоа би значело дека губите контрола. Т.е рефлекс. Тоа е момент, моментална состојба на умот. Ние ќе ви предложиме, да една сабота се најдете со истите пријатели и сите да се договрите дека таа вечер за кокаин нема место. Доколку не можете да преживеете таква вечер, можеби е време да свртите нов лист и да побарате помош.”

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Србија испрати предупредување до Македонија

    Србските медиуми продолжуваат со сензационалистичка пропаганда кога е во прашање политичката криза во Македонија ...

    Стој ли ЦИА позади конфликтот во Македонија?

    Какви корени влече самиот проблем во Македонија? Во Македонија, каде што веќе со месеци ...

    6 катастрофи кои би можеле да го уништат Светот

    Нуклеарна војна, глобално затоплување, пандемија на некоја опасна болест… Ова се само некои од ...