Facebook вработува 3000 администратори за борба против насилните видео снимки

Facebook вработува 3000 администратори за борба против насилните видео снимки

Досега ревидирањето на пријавените објави, фотографии и видео снимки ги прегледуваа 4500 администратори кои во неделна база прегледуваа милиони пријави.

Facebook објави дека во текот на оваа година ќе вработи дополнителни 3000 луѓе ширум светот на кои единствена задача ќе им биде контролирање на видео и објави во потрага за насилни или криминални дела и нивно спречување.

Ова е еден од чекорите кои Facebook ги превзеде откако се најде на удар на медиумите и јавноста поради видео снимките на убиства и самоубиства кои беа емитувани во живо на оваа социјална мрежа.

Како што во својата објава на Facebook напиша шефот Марк Закерберг, проблемот во потполност ќе биде остранет кога компјутерите ќе биде способни да ја одредуваат содржината и контекстот на видеото. Додека тоа не се случи, проценките мораат да бидат извршувани од страна на луѓе.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Што значат срцињата кои деновиве се појавија на Фејсбук?

    Ставањето срца на социјалните мрежи, жените меѓусебно се потсетуваат на важноста за грижата за ...

    Седумгодишно девојче аплицирало за работа во Google и добила одговор

    Седумгодишната Клои, решена да работи за Google, пратила писмо до нив и добила одговор. ...

    Nokia 3310 се враќа на пазарот

    Претставен во 2000-та година, телефонот-легенда се враќа на пазарот. Nokia се реши да го ...