(Фото) Македонските дијалекти во егејска и пиринска Македонија! Еве до каде се зборува Македонскиот јазик

(Фото) Македонските дијалекти во егејска и пиринска Македонија! Еве до каде се зборува Македонскиот јазик

Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик.

Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во четири главни групи.

Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сѐ до Егејското Море (или Бело Море).

Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, во Пиринска Македонија, во Егејска Македонија (Беломорска Македонија), во Мала Преспа и во Голо Брдо и Јужна Србија.

Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони зборувачи.

 

ПИРИН
На исток, македонскиот јазик граничи со бугарскиот јазик. Според македонските лингвисти, оваа граница ја претставува планинскиот венец Доспат – Рила. Од Рила границата свртува на северозапад, малку посеверно од Благоевград (Горна Џумаја) и излегува на државната граница меѓу Македонија и Бугарија.

Официјалната позиција на Бугарија е дека во рамките на нејзината територија не се зборува македонски јазик, а на бугарските лингвисти дека во суштина, македонскиот е самиот по себе, дијалект на бугарскиот јазик.

Според повеќе меѓународни извори, македонскиот јазик се зборува во Бугарија, но не се даваат конкретни податоци за бројот на зборувачите, ниту пак за нивната припадност кон определен дијалект на македонскиот јазик.

Македонското население во Пиринска Македонија, која е во составот на Бугарија, покрај службениот бугарски јазик го употребува и својот мајчин (роден) македонски дијалект.

ЕГЕЈ
На југ, македонскиот јазик граничи со грчкиот јазик, на целиот простор од планината Грамос па сѐ до реката Места во Тракија.

Според Божидар Видоески и повеќе други лингвисти, јазичната граница навлегува многу подлабоко на југ од денешната државна граница меѓу Македонија и Грција.

Така, македонскиот јазик може да се слушне сѐ до линијата Грамос – Бер – Солун. Од Солун таа продолжува на исток и преку областа Богданско (каде се наоѓаат многу познатите, во дијалектологијата села Сухо и Висока) излегува на реката Места, малку посевероисточно од градот Драма.

 

Запад
На запад, македонската јазична територија граничи со албанскиот јазик. Поголемиот дел од таа јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Македонија и Албанија, а на географски план неа ја претставуваат планинскиот венец Кораб – Дешат – Јабланица, откаде се спушта на југозападниот дел на Охридското Езеро.

По должината на оваа граница, на албанска страна остануваат триесетина населени места со македонско население, во долината на реката Дрим, западно од Дебар, и во областа позната како Голо Брдо и три села на брегот на Охридското Езеро околу градот Подградец.

Од јужниот брег на езерото, јазичната граница завртува на југоисток и преку планината Галичица излегува на југозападниот брег на Преспанското Езеро, а оттаму продолжува на југ и преку планината Мокра Гора излегува на Грамос, југозападно од Костур.

На овој дел од границата, на албанска страна, остануваат десетина села на западниот брег на Преспанското Езеро и три села источно од Корча, Република Албанија.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Колку оружје навистина поседува УЧК?

Бившиот претседател на Албанија би можел поради изјавите за време на својот мандат дека ...

Како ќе се одвива политичката ситуација во Македонија?

Изјавата на Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во ...

Америка изврши терористички напад

Американскиот Стејт Департмент и Пентагон не успеаа да докажат дека во авио-базата која ја ...