Груевски на средба со Хан

Груевски на средба со Хан

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Тој на Хан му порачал дека време е Македонија да ги започне пристапните преговори за членство во Европската Унија.

„Разговаравме за состојбата во Македонија и она што следува. Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е крајно време е на Македонија да и се овозможи почеток на преговори за влез во ЕУ. Направивме многу реформи, не може постојано тоа да биде изговор за да не се отворат преговорите. ВМРО-ДПМНЕ направи многу реформи кои беа одобрени од меѓународната заедница и мислам дека тоа треба да има одреден резултат“, истакнал Груевски.

Тој додал дека да не била блокадата од јужниот сосед и толеранцијата од ЕУ кон таа блокада, Македонија досега ќе беше во ЕУ.

„Време е да се промени таа позиција и да и се дозволи на Македонија да оди напред. Тоа ќе биде и дел од моите понатамошни разговори и секако претставување на нашите планови како политичката партија која не само што планира да биде силна опозиција, туку и брзо да се врати на власт“, изјавил Груевски.

loading...
  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Полицијата во потрага по познатиот скопски дилер

    Чистење на Скопје. СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до ...

    Ердоган со изјава : кој не е со Турција, тој е против неа!

    Преминуваме од одбрана во напад! Повеќе не им останаа куршуми. Сега е редот на ...

    МНР со реакција до Србија : БЈРМ е провокација, која ги навредува чувствата на македонските граѓани!

    Веруваме дека ваквата провокација, која ги навредува чувствата на македонските граѓани, не е одраз ...