Инстаграм со нови правила?

Инстаграм со нови правила?

Една од најпопуларните социјални мрежи Instagram, која е во сопственост на Фејсбук во последниот период направија неколку големи промени во начинот на функционирање и во изгледот на апликацијата.

По серијата промени, Instagram објавија дека наскоро ќе ги замаглуваат видеата и фотографиите со осетлива содржина. Корисниците сеуште ќе може да ја прегледаат содржината, но ќе мора да кликнат на неа. Не е јасно каков тип на осетлива содржина ќе биде заматена, односно каква содржина ќе биде опфатена. Не изгледа дека компанијата ќе ја промени стратегијата кога се работи за објавувањето на сликите и видеата, туку дека само сака да се справи со корисниците кои пријавуваат дека не им се допаѓа тоа што го гледаат, иако објавената содржина не се коси со моменталните критериуми на Instagram.

“Иако содржината која е објавена не е спротивна на она што го имаме како критериум, сепак заедницата на корисници ја пријавила како несоодветна и мораме да реагираме според пријавеното” изјави Генералниот Директор на Instagram Kevin Systrom. “Оваа промена значи дека ќе имате помалку шанси да сретнете навредлива или друга содржина која мислите дека е несоодветна за Вас.”

На крај, како чин на креирање на попријателска и подобра заедница на корисници, Instagram ќе организираат “InstaMeets” на глобално ниво, каде корисниците ќе може да се запознаат и да се зближат.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Хакер успеа да хакне 150.000 принтери во еден ден (Фото)

    Хакерот со име Stackoverflowin успеа да хакне 150.000 принтери на глобално ниво. Stackoverflowin ги ...

    Седумгодишно девојче аплицирало за работа во Google и добила одговор

    Седумгодишната Клои, решена да работи за Google, пратила писмо до нив и добила одговор. ...

    Ако победите во оваа смартфон игра, за награда ќе летате во вселената

    Можеби баш вие ќе летате во вселената. Cohu Experience Ltd е компанија од Финска ...