Истражувачот кој го пронајде непроценливото богатство на Маите

Истражувачот кој го пронајде непроценливото богатство на Маите

Роберт Стејси Џад бил англиски архитект и ентузијаст по цивилизацијата на Маите.

Тој е познат по дизајнирањето на градбата Mayan Revival, Aztec хотелот, изграден во 1924 година на американскиот пат Route 66 во Монрови во Јужна Калифорнија.

Тој исто така бил истражувач и писател. Архитектурата, посебно онаа на Маите, била главна тема на неговите статии.

Една од неговите статии под името Пустината Лолтуна, зборува за неговата средба со мистериозната пустина кога тој и неговите водичи биле безнадежно изгубени во длабочината на Лолтун пештерата.

Оваа средба сто така е покриена од страна на Modesto News-Herald на 3 јануари во 1931 година, во статијата под името Мистеријата на пустинската Лолтун пештера.

Лолтун пештерата се наоѓа на околу 5 километри јужно од местото Окскутзаб во Јукатан во Мексико, и претставува место на цивилизацијата на Маите кое датира од доцниот класичен период.

Лолтун пештерата е долга околу два километри со докази дека била населена уште пред 10.000 години. На јазикот на Маите, зборовите Лол-тун значан каменест цвет.

Таа пешетра наводно Роберт Стејси Џад и неговите три маиски водачи, Антон, Тавис и каобоецот, започнале да ја истражуваат.

После долгото патување, се одморале во една хациенда и тргнале во Лолтун следното утро.
Според зборовите на Стејси, тоа била неговата пета експедиција во обид да го истражи Лолтун. Откако стигнале таму, влегле во пештерата која водела до огромни пештери полни со сталактити и сталгамити.

Од пештерата, која Стејси ја нарекува централна пештера, има многу премини кои водат во други далечни пештери. Во областите каде што сончевата светлост може да помине, имало и билки и дрва кои се издигнувале до кровот поради светлината.

Тој ја оставил својата опрема во централната пештера и одлучил да го истражи остатокот од подземјето воспоставувајќи низа базни точки за навигација.

Откако тргнал во еден од премините, го поставил својот прв водич на местото каде што можело да се види осветлениот дел од пештерата.

Одејќи подалеку, го искористил својот глас да формира друга врска помеѓу него и првиот води, и поставил втор водич на местото каде што гласот можел да се слушне. Продолжил многу подлабоко со третиот водич Антон, до втората огромна пештера.

Додека биле во внатрешноста на пештерата, Стејси имал необично чувство, и неколку секунди откако се поместиле со Антон, куп камења се струполиле од десната страна на плафонот, каде што тие се наоѓале пред неколку секунди. Но тој звук го навел првиот водич да ја напушти својата позиција и да ги спаси, губејќи го нивниот единствен начин да се вратат.

После колапсот, Стејси и Антон ги следеле своите чекори наназад до вториот водич, кој бил уплашен поради тоа што им се случило.

Додека Стејси размислувал по кој пат да тргне, го слушнале првиот водич како трча кон нив. За да ги сочуваат своите ресурси, тој го изгасил факелот кој го носеле Маите и ја користел својата електрична светилка.

Започнале да ги следат своите траги наназад колку што можат. После одредено растојание, го поставил еден од водачите на позицијата со факел, а на уште поголема далечина ги поставил другите двајца.

Потоа продолжил сам, одржувајќи гласовна врска, довикувајќи се меѓусебно. Тој стигнал до тесен отвор и се провлекол низ него. Оваа пештера, малку над местото каде што тој стоел, била висока околу 15-тина метри и имала неодредлива длабочина. Баш кога сакал да се врати назад, видел нешто кое го натерало да остане.

Околу 10-тина метри над себе, Стејси забележал мала светла точка и како полека се издигнувал од огромните камења, на негово големо изненадување видел глава и човечка силуета.

Кога силуетата целосно се појавила, видел дека тоа е стар човек облечен во бело.

Тој исто така носел капа направена од тиква, под која можела да се види тенката седа коса.
Иако изгледал слабо со набрчкана кожа, бил силен, здрав и бистар. Исто така држел лампа направена од тиква, чија светлост го уплашила Стејси.

Тој не можел да разбере како некој може да биде во подземната пештера среде такви џунгла, а кога дознал подоцна, ниту владините службеници, ниту неговите водачи немале никакви сознанија, дека некој живее во близина на Хациендата Таби. Тој затоа, го повикал Антон, кој го повикал останатите.

Неговите водачи можеле да разговараат со старецот и му пренеле на Стејси низ знаци дека тој бил маиски свештеник, со старост од преку илјада години и дека му е доверено чувањето на богатството.

Иако Стејси знаел дека годините биле претерани чувствува дека старецот морало да има повеќе од стотина години. Старецот бил речиси слеп, и нежно го помилувал лицето на Стејси и неговата облека, веројатно за да знае подобро како изгледа.

Според зборовите на Стејси, неговиот водич го известил дека старецот живеел далеку под нивото кое тие пешачале. Исто така, тој додал дека старецот живеел на диви ораси, бобинки, овошје и билки кои ги собирал во шумата.

Во тој момент Стејси погледнал на часовник и утврдил дека се изгубени пет и пол часа. Потоа старецот започнал да ги води низ повеќе премини и на крајот ги довел во големата пештера во која се наоѓала нивната опрема.

Без разлика дали постоело нешто мистично во нивната средба или не, пишувањата на Стејси и неговите белешки се навистина возбудливи и претставуваат една неверојатна авантура во пештерите на прославената цивилизација.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Зошто пропадна цивилизацијата на Маите?

    Археолозите ја создадоа најпрецизната хронологија на цивилизацијата на Маите, што открива и сосема нови ...

    Каде се наоѓа проколнатото злато во Македонија?

    Tрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал ...

    10 целосно луди навики на старите Грци

    Старите Грци биле навистина чуден народ, а во продолжение на текстот ќе дознаете и ...