Како да го приготвите совршениот ручек за помалку од 150 денари?

Како да го приготвите совршениот ручек за помалку од 150 денари?

Доколку мислевте дека не можете да направите вкусен ручек за целото семејство кој ќе чини помалку од 150 денари, тогаш се лажете.

Ние ви го откриваме начинот како да направите плетенка полнета со колбас од која членовите на вашето семејство ќе се прејадат. Ова јадење е совршениот избор за кога немате елан за готвење или едноставно сте уморни, затоа што неговата подготовка не одзема многу време.

Потребно ви е:

  • 600 грама брашно
  • пола пакување квасец
  • пола лажичка шеќер
  • 150 мл затоплено млеко
  • 150 мл затоплена вода
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 3 колбаси или виршли
  • 100 грама кисела павлака
  • 2 лажички сусам

Начин на подготовка: 

  1. Ставете го квасецот да нарасне во топло млеко со малку брашно и шеќер, а потоа ставете го во останатото брашно.
  2. На брашното додадете му ја водата, едното јајце, сончогледовото масло, солта и замесете.
  3. Оставете го да нарасне двапати, а потоа поделете го на три дела.
  4.  Изблендирајте ги колбасите/виршлите и помешајте ги со киселата павлака и белката од другото јајце. На смесата додадете сол и бибер по желба.
  5. Растегнете еден дел од тестото со сукало и на средината ставете од смесата со колбаси/виршли.
  6. Краевите од двете страни пресечете ги на тенки ленти со ширина од 1,5 цм и преклопувајте ги за да го затворите филот со тесто. Добро притиснете ја плетенката на крајот за да не се отвори за време на печењето.
  7. Истото направете го и со двата преостанати делови од тестото.
  8. Намачкајте ги сите плетенки со жолчката од второто јајце, посипете ги со сусам и ставете ги во плех.
  9. Печете ги околу 20 минути на 200 степени целзиусови.
  10. Откако ќе бидат готови, оставете ги малку да се изладат пред да ги исечете.

Доколку ги пресметате цените на користените состојки, ќе заклучите дека овој ручек за целото семејство ќе ве чини помалку од 150 денари.

 

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Ексклузивно видео од Златна Бубамара

Специјалките растурија! Погледнете што се случуваше вечерва на најпопуларното шоу во Македонија, Златна Бубамара: ...

Таа е прогласена за најсекси стјуардеса на светот

Како и секогаш, така и денес се смета дека стјуардесите се најпосакуваните жени во ...

Добра вест за сите зависници од Кока-Кола – доаѓа нивниот најздрав пијалок досега

Диетална Кока-Кола, Кока-Кола Зиро, Кока-Кола Лајф – очигледно е дека оваа компанија се обидува ...