Како да направите одлични домашни наполитанки?

Како да направите одлични домашни наполитанки?

Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста.

Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки.

Состојки:

4 листа обланди
250g путер
200g шеќер
12 лажици вода
250g мелени ореви
250g мелени бисквити
100g чоколадо за готвење

Подготовка:

Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем.

Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади.

Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат.

Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо.
Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    50+ генијални начини како да ги искористите старите шишиња (видео)

    Имате многу стари пластични шишиња и премногу слободно време кое не знаете како да ...

    Прекрасен совет на една мајка, кој може да се примени на секоја врска

    Ова е пораката која мојата мајка ми ја испрати една година откако се обидов ...

    8 европски градови идеални за пролетно патување

    Веруваме дека многумина немаат слушнато за овој град, но не за џабе го носи ...