Како Москва ја собори Американската глобална хегемонија?

Како Москва ја собори Американската глобална хегемонија?

Постојаниот мир е се уште далеку за Сирија, но постои светла точка за оваа геноцидна војна која ја произведе Западот – Русија успешно стави крај на глобалната хегемонија на Вашингтон.

Сиријците, Русите и Иранците платија висока цена, но пораката е јасна: “Американската игра “промена на режимот” – која трае веќе со децении, и која стана посебно брутална и непомирлива после рушењето на “Кулите Близначки” – е завршена.

Но, што ја прекина американската унилатерална воена авантура?

Во текот на своето обраќање во рускиот парламент, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу објави дека руската војска успешно ја реши геополитичката задача во Сирија.

“Колапсот на сириската држава е спречен, граѓанската војна е практично запрена, како и обиден да се промени легалната власт во Сирија, со дирекција од иностранство”, изјави Шојгу во соопштението. Руската војска ги реши геополитичките задачи, предизвика значајна штета во меѓународните терористички организации во Сирија, ја поремети нивната финансиска подршка и системот на нивно снабдување со ресурси.

Ова е индиректен начин да се каже дека руската војска всушност го реши проблемот на американското геополитичко вплеткување.

Доколку сте биле доволно блесави да поверувата во западната штампа, Сирија требало да биде Путиновата последна шанса – завршен, очајнички обид да го пробуди патриотизмот во матичната земја додека руската економија се распаѓа.

Многу е пишувано за воените успеси на Русија во Сирија, и како тие се искористени за претпоставување и рекламирање на воените способности на Москва. “Strategic Culture Foundation” неодамна објави неверојатна корисна, детална анализа на воената опрема која Русија ја прикажа и тестираше во Сирија. Статијата се завршува со едноставна, но важна забелешка:

“Конфликтот во Сирија и даде на Русија слобода да го тестира своето ново оружје и опрема во реални услови. Со корисни лекции, војската брзо нпредуваше во воведување на нови средства кои ги немала порано. Искуството стекнато во Сирија во голема мерка ги зголеми руските воени способности.”

Воениот експерт од “Russia Insider”, Федерико Пераќини, изминатата година напиша:

“Москва со недвосмислена сила покажа дека модернизацијата на нејзините вооружени сили, иницирана од страна на Путин пред 15 години, забрзано ја намалува напнатоста во однос на западните сили. Вистинскиот напредок кој Русија го прикажа во Сирија е како важен воен комплекс може ефикасно да работи благодарение на одсуството на корупцијата од широки размери. Без огромниот американски воено-индустриски комплекс, Москва може да се фокусира и да ги одреди приоритетите на проекто кои се потребни веднаш, донесување на одлука за тоа кои процеси се подобри за реализација во краток временски период. Она што најмногу импресионира е ефикасноста на руските акции во Сирија. Москва јасно ја демонстрираше својата воена доктрина која е кохерентна и конзистентна во развојот на сите аспекти на модерното војување на еднаков и пропорционален начин.”

Пераќини одлично објаснува зошто Сирија е навистина воено чудо. Руската војска помина низ неверојатна трансформација. Нејзината победа во Сирија не би била можна до пред десет години. Но времињата се менуваат.

Со други зборови: Москва ги разоткри слабостите на Вашингтон. Воената претпазливост, заедно со иновативната, модерна технологија која се користи на пропорционален начин, или само едноставно кажано, Русија.

Трајче Брлев
Главен и одговорен уредник
loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Тито се плашел од Јованка, поради неа, се заклучувал во тоалетот

    Додека Тито беше на функција, честопати се слушаа различни муабети за неговиот брак со ...

    Вонземјаните постојат

    Еве навистина интересна теорија, која и не е толку нова доколку сте го гледале ...

    Србија испрати предупредување до Македонија

    Србските медиуми продолжуваат со сензационалистичка пропаганда кога е во прашање политичката криза во Македонија ...