Како вашиот тоалет секогаш да биде чист и свеж?

Како вашиот тоалет секогаш да биде чист и свеж?

 

Чистењето на тоалетот е една од најнепријатните домашни обврски кои иако не сакате, морате да ги правите.

Одржувањето на чист и свеж тоалет без бактерии е важно за здравјето на целото семејство.

Но, добрата вест е што постои начин за чистење кој нема да го мразите затоа што е премногу едноставен.

Наместо да трошите пари на скапи детергенти и спрејови кои содржат хемикалии, можете да ја неутрализирате непријатната миризба, да ги елиминирате бактериите и да направите вашиот тоалет да мириса свежо, само со помош на овие состојки:

  • 60 мл лимонов сок
  • 160 грама сода бикарбона
  • 1/2 лажичка оцет
  • 1 лажичка хидроген пероксид (3%, од аптека)
  • 15-20 капки од ароматично масло (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги лимоновиот сок и сода бикарбоната во мала чинија.
  2. Во друга чинија измешајте ги оцетот и хидроген пероксидот и потоа капка по капка додавајте го овој раствор во чинијата со сода бикарбона и лимонов сок. Откако ќе завршите, додадете 15-20 капки од ароматичното масло за да добие освежителен мирис.
  3. Со лажичка црпнете во мешавината и од неа извадете доволно смеса колку да направите едно мало топче. Топчињата треба да ги ставите на пергамент хартија за да се исушат.
  4. Оставете ги да се сушат околу 4 часа или преку ноќ.
  5. Откако целосно ќе се исушат топките, ставете ги во тегла, затворете ги и чувајте ги во близина на тоалетот.
  6. Секогаш кога ќе почувствувате непријатна миризба, само пуштете едно топче во школката.
  7. Правете го ова 2-3 пати неделно.

 

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Зошто до вашиот кревет треба да имате “Ловец на Соништа”?

Домородните Американци верувале дека ноќниот воздух е полн со соништа, добри, но и лоши. ...

Откриена интересна, но мистериозна тајна за женската вагина

Женскиот полов орган, како и машкиот, варира во големината. Ова воедно е и одговор ...

Луѓето со оваа крвна група имаат неверојатни способности

Науката има теорија како би можело да дојде до појава на негативна крвна група, ...