Каква тајна крие Собранието на Република Македонија?

Каква тајна крие Собранието на Република Македонија?

Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм.

Во случајов, српската, поправо, колонијалната власт на Вардарска бановина конструирала политичка институција во форма на пентаграм, но ставен во крајно субмисивна позиција. Прво, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на „боговите“, т.е. северната страна, онаа која тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесната страна на постоењето. Така, всушност, се создаваат робови и поданици. Масите да се насочат кон материјализмот и консумеризмот, а доблестите и спиритуалноста да се потиснат до заборав и непостоење.

Александар Станковски – Собрание, Утрински Весник јануари 2014

“Некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград. Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење. Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен.” Масони – Бревијар за Древното Братство од Јован Бригиски, издадена од Култура.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Што се наоѓа под Скопје?

    Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје. ...

    Истражувачот кој го пронајде непроценливото богатство на Маите

    Роберт Стејси Џад бил англиски архитект и ентузијаст по цивилизацијата на Маите. Тој е ...