Каква улога имале агентите во Собранието?

Каква улога имале агентите во Собранието?

Алсат-М од свои извори дознава дека најмалку двајца припадници на УБК ги избришале снимките од безбедносните камери на Собранието.

Надлежните институции ја разгледуваат улогата на Управата за безбедност и контраразузнавање на критичната собраниска ноќ. Снимките што ги обезбеди Алсат-М покажуваат дека покрај армиски и припадници на МВР, во парламентот имало агенти на УБК, кои реагирале различно во ситуацијата.

Засег не може да се утврди дали овие дејства биле по наредба на началниците на УБК или индивидуални, иако Управата требаше да биде најинформирана за настаните што ќе следат на 27 април.

Алсат-М од свои извори дознава дека најмалку двајца припадници на УБК ги избришале снимките од безбедносните камери на Собранието. Не се знае дали тоа е направено по наредба.

Телевизијата дознала дека снимките биле зачувани на друг сервер, а дел од снимките од камерите покажуваат и вработени кои сакале да ги уништат трагите на насилството на 27 април.

Не се знае дали против овие вработени ќе се покрене постапка, иако, како што откри Алсат уште на стартот, сценариото било по насилството да се избрише секоја трага.

Полицијата, како што дознава Алсат-М направила вештачење и на пронајденото ладно оружје, отисоци од прсти и анализа на крвта кои дополнително ќе го разоткријат идентитетот на напаѓачите.

„Дознаваме дека освен отворањето на вратите на Собранието што го сториле пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски и насочувањето на толпата од Тарчуловски и од шефот на обезбедувањето на Велјановски, дел од напаѓачите координирано влегле од влезот под собраниската зграда, конкретно од гаражата на Собранието, дел кој е дозволен само за службените возила. Од некои извори, дознаваме дека тоа го овозможил шефот на единицата за обезбедување на Велјановски, Горан Ѓошевски“, објави Алсат-М.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Гинеколог девет месеци лажел пациентка дека е бремена

    Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е ...

    Како да не плаќате сметки за струја во Македонија?

    Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на ...

    Ограбена обложувалница во Скопје! Со пиштол во глава на…

    Непознат маскиран сторител вчера извршил разбојништво во спортска обложувалница во Скопје, лоцирана на крстосницата ...