Катар им платил окупнина на ИСИС од милијарда долари

Катар им платил окупнина на ИСИС од милијарда долари

Лондонски Фајненшал тајмс ја објави наводната причина за дипломатската блокада на Катар.

„Катар на џихадистите им исплатил до 1 милијарда долари откупнина за членови на кралското семејство кои биле киднапирани во Иран за време на лов, тврдат луѓе вплеткани во нагодувањето за откупнината“, пишува ФТ и тврди дека ова е всушност клучната причина за дипломатската криза.

До ноември минатата година не било познато дали се киднапираните принцови живи, но тогаш со посредство на Иран почнале преговорите со милитантите кои заложниците ги држеле во Сирија.

Конечниот договор наводно бил склучен во април кога откупнината им била платена на лидерите на џихадистичките групи и државни службеници. Овој потег наводно ја разгневил Саудиска Арабија, најголемата економска и оружена сила на Арапскито Полуостров, и претставува „капката што ја прелеала чашата“, тврди изворот на Фајненшал тајмс.

Прекинот на летовите кон и од Доха на кој се решија неколку арапски земји стапи на сила во вторникот, додека обидите за посредување продолжуваат за да се надмине невидената криза околу Катар, изолиран и обвинет дека го поддржува тероризмот.

Додадени се и економски мерки како затворање на сите копнени и поморски граници меѓу арапските земји и Катар, како и забрани за прелетување за катарските воздухопловни компании и ограничувања за движење на лица.

loading...
  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Како Велешани успеаја да заработат милиони?

    Велешаните и сајтовите кои пишуваа лажни вести за американскиот претседател стигнаа и до познатиот ...

    Ситуацијата во Македонија, се уште неизвесна

    Ситуацијата во Македонија, се уште неизвесна. Али Ахмети најверојатно повторно ја одлага одлуката дали ...

    Косовскиот премиер со порака до сите Албанци во Македонија: Вие треба да ја земете…

    Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека политичките случувања во Македонија се загрижувачки. ...