Кинески робот победи студент од Harvard на популарен квиз

Кинески робот победи студент од Harvard на популарен квиз

Дали роботите се попаметни од луѓето?

Роботот со име Wangzai кој е произведен од кинеската компанија Sogou, го победи Yi Zhan Dao Di кој е дипломиран студент од Harvard, на популарен кинески квиз наречен “Yizhan Daodi” кој е кинеска верзија од американскиот квиз “Who’s Still Standing?”.

Wangzai го користи search engine-от на компанијата Sogou со кој брзо пронаоѓа информации за поставените прашања и одговара точно и прецизно. Роботот на квизот прашањата ги одговарал за секунда.

Ова не е првпат кинески робот да победи човек во знаење. Во јануари, кинескиот робот Xiaodu успеал да докаже на суд кој е невин а кој виновен од луѓето на кои им се судело и тоа само по нивните изрази на лицето и тонот на гласот.

Кинеските компании од областа на технологијата се повеќе го посветуваат своето внимание кон вештачката интелигенција и роботите. Тие се лидери на ова поле со инвестирани вкупно 2.6 милијарди долари за истражувања.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Овие слики и видеа се од смартфон камера (Видео)

Доаѓа време кога нема да ни треба ниту една друга камера, освен таа што ...

За љубителите на десктоп компјутерите на Apple пристигнуваат фантастични вести

Последните години Apple воглавно се фокусираше на лаптопи и паметни телефони, време е за ...

Airselfie – маска за телефон која е дрон дизајниран за селфиња

Селфи стаповите се веќе минато, Airselfie е иднината! Airselfie е дрон кој е сместен ...