Кои политичари нудат целосно повлекување?

Кои политичари нудат целосно повлекување?

Измените во Законот за помилување не го решаваат проблемот, туку креираат нов, велат експертски и дипломатски извори. Власта е задоволна од законското решение, пишува Дојче веле.

Големо незадоволство владее во демократската јавност по измените во Законот за помилување, со кои владејачкото мнозинство инсталираше двојна можност: претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција по сопствена иницијатива или по барање на засегнатите лица. Во правни кругови велат дека ваквото решение не е случајно, затоа што јасно прејудицира дека главната цел е аболицијата да биде повлекувана исклучиво по барање на засегнатите.

Нелогичноста на ова решение уште при расправата за законските измени ја посочи и пратеникот на ДУИ, Рафиз Алити, кој потенцираше дека нема потреба аболицијата да биде повлекувана по барање на помилуваните лица, кога веќе на претседателот му се дава можност да го стори тоа. Но, неговата аргументација не беше прифатена, што јасно укажа во која насока е планирано да се спроведува законот.

„Ова решение овозможува селективност и ќе води кон поткопување на правото и на еднаквоста на граѓаните пред законот. Не може да се смета дека овие законски измени се соодветно решение, бидејќи креираат нов проблем“, велат дипломатски извори. Тие не го коментираат фактот што ваквото решение е усвоено откако функционерот на американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји, порача дека делумно или селективно повлекување на помилувањата дополнително ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивност во државата, но велат дека „имаат јасна слика што се случува“.

Целата сторија прочитајте ја на Либертас.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    ХОРОР: Старец од Тетово двапати силувал 16 годишно девојче во тетовско

    44-годишен жител на тетовското село Џепчиште вчера во 16 часот во Полициската станица Тетово ...

    Заев нападнат во Собрание, целиот е во крв според снимките

    Како што може да се забележи на снимките во живо на Сител Телевизија, Зоран ...

    Страшна авионска несреќа ја потресе Европа за Велигден, има и загинати

    Во близина на супермаркет во станбен кварт во Лисабон денеска се урна мал авион. ...