Кој е македонецот кој одби 20 милиони евра годишна плата?

Кој е македонецот кој одби 20 милиони евра годишна плата?

По новата квалитетна партија на Илија Несторовски, сега во дресот на македонската репрезентација учествувајќи со два погодоци во победата од 3-0 против Лихтенштајн, повторно актуелна е темата околу неговото заминување од Палермо.

Претседателот на Палермо, Пол Бакалини синоќа во изјава за италијанските медиуми потврди дека има интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец, притоа информирајќи дека клубот од Сицилија веќе одбил една понуда за Несторовски од 20 милиони евра.

– Да, точно е дека имаше понуда од Кина за Несторовски во висина од 20 милиони евра но ја одбивме. Наша цел е да го задржиме целиот тим до крајот на првенството затоа што се уште веруваме во опстанок. Затоа одлучивме да не се разделиме со играч како него – вели Бакалини.

– Несторовски веќе се издвојува како симбол на Палермо, симбол на нашата борба, и вистински репрезент на победничкиот менталитет. Разговарав со него и се гледа дека е извонредно момче со цврст карактер. Му го презентирав нашиот проект околу иднината на Палермо и мислам дека и Несторовски верува во него – дополнува претседателот на Палермо.

Палермо се соочува со испаѓање од Серија А сезонава. И покрај тврдењата од клубот, италијанските медиуми веќе потенцираат дека Палермо, доколку испадне во Серија Б, тешко дека ќе може да одолее на некоја од понудите за трансфер на Илија Несторовски. За неговите услуги од претходно се заинтересирани Атлетико Мадрид, Наполи но и Фиорентина.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Како тимот на Cleveland Cavaliers ја испеа I Will Always Love You (Видео)

    Екипата на Cleveland ја избра една од најтешките песни за пеење. Kyrie Irving, Tristan ...

    Gareth Bale почна со тренинзи

    Bale е надвор од терените од 29-ти ноември и сега конечно се враќа. Ѕвездата ...

    Дербито во Мадрид се играше под Македонско знаме

    Македонското знаме е развеано на трибините на Сантијаго Бернабе каде што вечерва во полуфиналето ...