Кристијано Роналдо се закити со неколку нови рекорди

Кристијано Роналдо се закити со неколку нови рекорди

Кристијано Роналдо реализираше хет-трик во победата над Атлетико Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите (3:0).

Испиша нова историска страница и ги помести сите граници за сите времиња. Ова втор по ред хет-трик за Роналдо, откако во четвртфиналето го разби Баерн Минехн против кој постигна пет голови во два меча.

Еден податок е особено неверојатен – Роналдо постигна 12 погодоци на 18 мечеви во полуфиналните мечеви од ЛШ.

Веќе пишувавме околу тоа дека е прв кој постигнал 50 голови, а потоа дојде и до 51-от и 52-от во елиминациската фаза на ЛШ.

Во дресот на Реал одигра 86 мечеви во елитното европско натпреварување, постигна 88 голови и забележа 23 асистенции.

Дали Португалецот е на добар пат да ја освои и петтата „Златна топка“ во кариерата?

Роналдо е фудбалерот кој има постигнато најмногу голови во Лигата на шампионите 103.

Тој има најмногу погодоци на домашен терен, 54.

Најмногу голови и на гостински терен, 47.

Најмногу голови и во нокаут фазата, 52.

Најмногу асистенции, 31.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Најавени кошаркарите кои ќе куцаат на All-Star натпреварот

    NBA објави кои кошаркари ќе се натпреваруваат во куцање во New Orleans. DeAndre Jordan ...

    Jurgen Klopp за идеите на van Basten: “Не треба да се менуваат правилата”

    Marco Van Basten вчера даде неколку предлози за да се сменат некои правила во ...

    Кристијано Роналдо со овој потег потсети на Роналдињо (Видео)

    Роналдо успеа да го крене Бернабеу на нозе. На натпреварот против Еспањол, CR7 го ...