Лекција за сите претприемачи – вака треба да се грижите за вашите корисници

Лекција за сите претприемачи – вака треба да се грижите за вашите корисници

За бизнис лидерите, социјалните медиуми знаат да бидат опасна територија, но тоа не го спречи CEO-то на Tesla Elon Musk да покаже како од кориснички feedback на твитер се доаѓа до одлична идеја.

Францускиот блогер Loic Le Meur кој за свое возило користи Tesla полнач, се пожали на тоа дека кога и да отиде да си го наполни својот автомобил на станиците за полнење, пред него има луѓе кои ги полнат истите автомобили како неговиот, меѓутоа не се враќаат на време да си ги земат од станиците за полнење и ги оставаат на истото место паркирани.

Тоа претставува проблем поради тоа што возачи на овој бренд на автомобили на кои им треба полнење може да останат без батерија поради тоа што некои од другите корисници ги оставаат своите Tesla автомобили на станиците за полнење и доаѓаат многу покасно по истите. Блогерот се пожали на CEO-то на Tesla за овој проблем на твитер и доби брз одговор.

Само шест дена подоцна, Tesla на својот сајт објави дека е свесна за овој проблем и дека ќе превземе одредени мерки. Компанијата ќе почне да испраќа известување до нивните корисници кога возилото ќе им биде полно и дека секоја наредна минута во која автомобилот е поврзан на станицата за полнење ќе биде наплатен од 0.40$ од минута!

Ете како се решава проблем и како се раѓа нова идеа од feedback на корисниците преку социјалните мрежи.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Volkswagen планира неколку нови I.D концепти

Наскоро следи електричен I.D СУВ и спортски модел. Откако неодамна на одржаниот саем за ...

Новиот проект на Uber: Летечки автомобили?

Еден од проектите на Uber во иднина е летала кои ќе полетуваат и слетуваат ...

Тимот на Рено работи на нова генерација ERS системи

Партнерството со Infiniti доведе до трансфер на технологии. Рено објави дека интензивно работи на ...