Mercedes-AMG го отвори првиот самостоен салон

Mercedes-AMG го отвори првиот самостоен салон

После Токио, и Сиднеј до крајот на 2017 година, ќе има AMG продажен центар.

Откако Mercedes-AMG во 2016 година го зголеми бројот на модели во понудата, дојде на ред и инфраструктурата.

Отворен е првиот Mercedes-AMG самостоен салон на светот. Во последниве девет години, отворени се 400 центри во 40 земји, но сите се интегрирани во постоечките Mercedes-Benz салони. Првиот самостоен AMG салон е отворен во Токио, а до крајот на 2017 година, и Сиднеј ќе добие свој AMG продажен центар.

Главната ѕвезда на салонот во Токио е Mercedes-AMG GT R, кој е претставен во 2016 година. Овој автомобил е придвижуван од 4.0 литарски V8 мотор со моќност од 585 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

За забрзување до 100 километри на час, потребни му се 3,6 секунди, додека максималната брзина му изнесува 318 километри на час.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Во Европа пристигнува дизел верзија на Kia Stinger

    Премиерата се очекува да биде на саемот за автомобили во Женева, следната година Откако ...

    Tesla Model 3 ќе биде десет пати побезбеден од просечен автомобил

    Хардверот и софтверот на Model 3 ќе овозможи големо ниво на активна безбедност, со ...

    Mercedes-AMG GT 4 ќе го нападне моделот Panamera

    Во салоните спортскиот седан пристигнува 2019 година, а ќе има и единствена суспензија, карактеристична ...