Најстарата жена астроунаут, урна рекорд за престој во вселената

Најстарата жена астроунаут, урна рекорд за престој во вселената

До враќањето на Земјата оваа година, Пеги Витсон во орбитата ќе помине вкупно 666 дена.

Најстарата американска жена астроунаут, 57 годишната Пеги Витсон, го урна рекордот за престој во вселената над нашата планета откако помина кумулативни 535 дена. Со ова Витсон го надмин Џеф Вилијамс кој за неколку години важеше за астроунаут кој поминал најмногу дена во Земјината орбина, поточно 534 дена, два часа и 48 минути.

Витсон изминатиот месец по втор пат го превзеде чинот командант на Меѓународната вселенска станица (ИСС), а постави и рекорд по трајно престојување во отворен простор, надвор од вселенските бродови, односно за прошетка во вселената.

Вселената е во добри раце со Пеги, порачаа од НАСА.

Витсон е родена во Ајова, дипломирала биохемија, а пред да биде избрана за астронаутски кандидат во 1996 година, за НАСА работела на неколку значајни истражувачки проекти.

За прв пат заминала во вселената во 2002 година, а во 2007 година станала прва жена која команудвала во Меѓународната вселенска станица.

Американскиот претседател Доналд Трамп, неговата ќерка Иванка и астронаутката на НАСА Кејт Рубинс преку видео повик до Пеги и го честитаа успехот:

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Google ќе казнува за нападни pop-up реклами

    Ако мразите постојано да ви се појавуваат различни реклами кои ви ја кријат содржината ...

    17 годишник воочил грешка на Меѓународната вселенска станица

    Мајлс Соломан, 17 годишник од Велика Британија, за време на работата на школски проект ...

    Играјте Counter-Strike и освоите 30.000 долари

    Online регистрација за првата од четирите квалификации на турнирот GEFORCE CUP е веќе во ...