Неколку работи кои можете да ги доживеете само во Дубаи

Неколку работи кои можете да ги доживеете само во Дубаи

Дубаи е познат како место а луксуз и игралиште за богатите, тоа е град кој дефинитивно треба да се доживее и види, без оглед на тоа каков одмор сакате.

Дубаи е свет а себе и единствен град на светот во кои можете да ги доживеете најлудите искуства.

Секако, латото е неизбежно, па можно е да го подигнете од банкомат, да го јадете во сладолет или да го испробате како маска за лице, а една од најголемите лудости е скок од највисоката зграда на светот.

Во продолжение ви носиме попис на врвни и незаборавни искуства кои можете да ги доживеете само во Дубаи.

1. Од банкомат можете да подигнете злато

Банкоматите за злато поставени во замена за банкомати за пари, даваат 24 каратно злато и се навистина популарни во Дубаи, посебно помеѓу туристите. Цената на златото е диктирана од страна на светскиот пазар, а златото од банкоматите излегува во форма на полуга или кована монета со тежина од 2,5 до 250 грама, во запечатена кутија.

2. Прошетка помеѓу морски кучиња

Во паркот Atlantis Aquaventure можете да пливате со морски лавови, но за максимално ниво на адреналин, можете да се спуштите и да пливате помеѓу ајкулите. За ваквиот потег не ви е потребно никакво претходно нуркачко искуство бидејќи ќе добиете потребна опрема и ќе се спуштите на дното на лагуната се со цел да направите прошетка опкружени со шарени риби, ражи, но и морскиот кошмар – ајкулите.

3. Скокнете од највисоката зграда на светот

Зградата Бурж Калифа е висока 829,8 метри, што ја прави највисока зграда на светот и омилена зграда за сите авантуристи ширум светот. Локалните клубови организираат скокање од Бурж Калифа, а доколку не сте доволно искусни, секогаш можете да скокнете во пар со овластен инструктор.

4. Скијачката патега со пингвини е отворена во текот на целата година

Скај Дубаи им нуди на љубителите на скијањето снежна патека која е отворена во текот на целата година. Во затвореното скијалиште можете да скокате со скии, или да бордате, а можете во живо да видите и кралски пингвини. Исто така, со нив можете да се играте, да пливате но и да се фотографирате.

5. Возете се во Formula 1

Formula 1 е еден од најпопуларните спортови на светот и речиси нема ниту еден маж на планетата кој барем еднаш не посакал да седне поади воланот на болидот и да вози на тркачката патега. Дубаи ќе ви ја исполни таа желба.

6. Кралски третман а нега на лицето со 24-каратно злато

Златото е наводно богато со антиоксиданси, кои од кожата ги отстрануваат оштетувањата од сонцето и му даваат сјај на лицето. Старите Египјани наводно го јаделе за да останат драви, а Клеопатра секоја ноќ спиела со маска од злато на лицето. Во Дубаи во многу спа центри нудат третмани а лица за мажи и жени кои вклучуваат маска од 24-каратно злато. Доколку сте желни за Кралски третман на лице, во Дубаи можете да го пронајдете и тоа.

7. Сладолед со листови од 23-каратно злато

Сладолед од ванила од Мадагаскар со шафран од Иран, тартуфи од Италија и листови од 23-каратно злато чини скромни 48.000 денари, да македонски денари, и е веројатно најскапиот сладолед на светот. Сладоледот ќе го јадете со лажица Versace, која потоа можете да ја задржите.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Урнебесни секс совети од 19-ти век

    Страст и задоволство во бракот? Никако! А ако веќе сексуалниот однос не може да ...

    Зошто за време на секс, размислувате за некој друг?

    Кога сме силно вљубени во партнерот, повеќето од нас гледаме на него низ розови ...

    Што значи да се биде сопруг од соништата? Овој грижлив татко го покажува тоа (ФОТО)

    Иако многумина сметаат дека татковците прават нешто специјално кога ги менуваат пелените на бебето, ...