Nokia планира да претстави нов high-end андроид смартфон

Nokia планира да претстави нов high-end андроид смартфон

По најавувањето на Nokia 6, финската компанија се спрема да претстави уште еден Андроид смартфон следниот месец на Mobile World Congress.

Се верува дека новиот телефон на Nokia ќе биде базиран на Sharp Aquos Xx3 телефонот кој беше пуштен во продажба пред 6 месеци во Јапонија. Во секој случај Nokia нема да се штеди на спецификациите на нивниот нов смартфон. Nokia P1 ќе доаѓа со Snapdragon 835 процесор, 6GB RAM и избор на модели од 128GB и 256GB меморија. Уредот ќе користи 22мп камера и секако дека ќе ги следи трендовите на сите други производители со тоа што ќе биде водоотпорен.

Други спецификации вклучуваат 5.3 инчен дисплеј заштитен со Gorilla Glass 5 и Full HD резолуција, fingerprint заштита и 3500mAh батерија со брзо полнење. Nokia P1 ќе доаѓа со најновиот Android Nougat 7.0 и се верува дека основната цена ќе му биде 800$ за моделот од 128GB меморија.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Super Mario во светот на GTA IV

Super Mario влезе во GTA IV и не си помина баш најдобро. Nintendo ја ...

Обезбедете си го Facebook профилот со физички клуч!

Дали сте знаеле дека можете да си го заштитите Facebook профилот со физички клуч? ...

Facebook вработува 3000 администратори за борба против насилните видео снимки

Досега ревидирањето на пријавените објави, фотографии и видео снимки ги прегледуваа 4500 администратори кои ...