Нов и поголем Audi A1 пристигнува во 2018 година

Нов и поголем Audi A1 пристигнува во 2018 година

Достапна ќе биде и хибридна верзија, а најсилната верзија S1 ќе развива неверојатни 250 коњски сили.

Audi A1 од првата генерација премиерата ја имаше далечната 2010 година. Малиот градски премиум автомобил кој го пронајде патот до срцата на купувачите, пристигнува во целосно ново руво во следната генерација.

Следната генерација на овој модел ќе пристигне во 2018 година, а кога ќе се појави во салоните ќе биде подолга и поширока од актуелниот модел.

Тоа значи повеќе простор на задните седишта и во багажниот простор. Новиот Audi A1 графиката на светлата ќе ја превземе од комапктот А3, додека внатрешноста ќе биде пресликана од други модели. Виртуелниот кокпит ќе биде понуден како опција.

Основниот модел ќе го придвижува 3-цилиндарски 1.0 литарски мотор, но веројатно ќе развива нешто повеќе од моменталните 94 коњски сили. Audi ќе го доработи 1.4 литарскиот бензински мотор, како и 1.6 литарскиот дизел мотор.

Купувачите ќе можат да избираат и помеѓу хибриден погонски склоп, а најсилната верзија на овој модел ќе биде S1, која ќе развива околу 250 коњски сили.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Директорите на VW намерно ги уништувале доказите

    Идејата за лажирање на податоците датира уште од 2006 година. Еден од високите функционери ...

    Субкомпактниот кросовер на Kia ќе го носи името Stonic

    Овој модел ќе претставува вистински конкурент на Mazda CX-3. Kia во 2017 година влегува ...

    Тимот на Рено работи на нова генерација ERS системи

    Партнерството со Infiniti доведе до трансфер на технологии. Рено објави дека интензивно работи на ...