Нова апликација која ве поврзува со личности што ги мразат истите работи како и вас

Нова апликација која ве поврзува со личности што ги мразат истите работи како и вас

Hater е нова и необична апликација која спојува луѓе според работите кои ги мразат.

Апликацијата е достапна за iOS корисниците од 8-ми февруари и работи на следниов начин: По инсталирањето морате да одговорите на неколку прашања – што не ви се допаѓа и што мразите.

Постојат различни прашања од типот “Дали го мразите Доналд Трамп?”, “Дали јадете брокули?” и слично. По одговарање на одреден број на прашања, алгоритмите на апликацијата ќе ве поврзат со личност која ги мрази или не ги сака истите работи.

Авторот на апликацијата Брендан Алпер изјави дека апликацијата започнала како шала, но резултатите покажувале дека луѓето повеќе се поврзувале со некој што ги мрази истите работи како нив, одколку со некој што дели исти интереси.

Повелете линк за iOS до апликацијата.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Обезбедете си го Facebook профилот со физички клуч!

Дали сте знаеле дека можете да си го заштитите Facebook профилот со физички клуч? ...

Новиот 4К OLED телевизор на LG е изненадувачки тенок

LG со своите OLED дисплеи веќе со години си ја брани круната за најдобар ...

Наскоро нема да морате да плаќате сметки за струја

Сметките за струја се кошмар за многубројни домаќинства. Меѓутоа, сосема е можно дека луѓето ...