Нови информации за плановите на Apple: Наскоро пристигнуваат три нови iPhone телефони

Нови информации за плановите на Apple: Наскоро пристигнуваат три нови iPhone телефони

За помалку од пет месеци, Apple ќе претстави наследници на седмицата и целосно нов и најсилен модел на iPhone досега.

Иако останаа уште речиси пет месеци до очекуваното претставување на нови модели на iPhone од страна на Apple, на интернет константно се појавуваат нови гласини поврзани со овие уреди. Од Apple, како и секогаш, не ги коментираат гласините, а изгледа дека во оваа компанија се уште не се договорени сите детали поврзани со изгледот и хардверот на идните модели и дека Кук и екипата конечната одлука треба да ја донесат наскоро, се со цел што порано да започне производството на нови iPhone телефони.

Она што е речиси сигурно е дека Apple vво септември ќе претстави три нови модели на своите телефони – наследници на iPhone 7 и 7 Plus, како и целосно нов модел со закривен OLED екран кој ќе зазема голем дел од предната површина на екранот, така што рабовите околу него ќе бидат мали, додека Home копчето ќе биде интегрирано во самиот екран. Што се однесува до наследникот на седмицата, тие ќе донесат нешто што од нив се очекува – екран со дијагонала од 4,7 и 5,5 инчи, подобар хардвер, поквалитетна графика и некои помали новитети за љубителите на оваа компанија.

Но, покрај сите новитети, очите на љубителите на оваа компанија како и аналитичарите, се вперени кон новиот модел на телефон чие име се уште е непознато, а се шпекулира околу iPhone 8 или iPhone X, но официјално ќе дознаеме за пет месеци.

Лошата вест за сите оние кои сакаат што попрво да допрат до овој уред е што, според поголемиот број на информации, неговата продажба нема да започне веднаш после претставувањето, туку месец или два подоцна во однос на iPhone 7S и 7S Plus. Екранот на овој уред би требало да зазема поголема површина од предната страна на телефонот – иако дијагоналата на екранот нема да биде поголема од 5,5 инчи, димензиите на самиот уред поради таквиот екран и помалите работи околу него ќе бидат многу поблиски до моделот со 4,7 инчен екран, откриваат анонимни извори од компанијата. Apple подготвува и некои промени на камерите, па така на задната страна на телефонот можеме да очекуваме две камери поставени хоризонтално, наместо вертикално, а љубителите на селфи фотографиите, ќе бидат развеселени од информацијата дека и предната страна ќе има исто две камери.

Исто така, се очекува дека за овој модел, инжинерите на Кук ќе го решат проблемот со отисоците на прстите.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Ова е момент за памтење во историјата на технологијата

    Според новите информации, уделот на Android помеѓу оперативните системи порасна на 37,93%, додека уделот ...

    Од што ќе бидат произведени медалите за олимписките игри во Токио

    Јапонија ги замоли своите граѓани и тие да помогнат во оваа иницијатива за медалите ...

    ASUS сака двојно да ја зголеми продажбата на смартфони во 2017

    Тајванскиот гигант за лаптопи сака длабоко да се прошири и во светот на мобилните ...