Новиот 4К OLED телевизор на LG е изненадувачки тенок

Новиот 4К OLED телевизор на LG е изненадувачки тенок

LG со своите OLED дисплеи веќе со години си ја брани круната за најдобар производител на телевизори на маркетот.

Оваа година најаваено е дека Sony и Samsung планираат да навлезат повеќе во производството на OLED телевизори, па затоа LG мора да го крене уште толку нивото на квалитет кога се работи за нивните модели. Ова е новиот 4K OLED на корејскиот гигант од W серијата. LG објаснува дека “W” е кратенка за wallpaper и се однесува на тоа дека телевизорот изгледа како слика кога ќе се стави на ѕид.

Телевизорот оди заедно со soundbar на кој се наоѓаат сите приклучоци за телевизорот како што се USB портовите и HDMI влезовите. Инаку големината на телевизорот е 65 инчи и зачудувачки е тоа што овој модел е помалиот брат, т.е. ќе има идентичен модел како овој со големина од 77 инчи.

Поентата што сака да ја долови LG со овој телевизор е дека тој е тенок. Претенок и прелесен. Ова е можно поради тоа што на OLED технологијата не и треба истото LED позадинско кое што го имаат стандардните телевизори, а згора на се, сите тие приклучоци ќе се наоѓаат во soundbar-от.

Телевизорот е секако smart и ќе оди со software платформата на LG која се нарекува WebOS која е на верзија 3.5. Многу шарен и интересен интерфејс кој доста понудува, а и корејската компанија се погрижи да има веќе инсталиран Netflix на телевизорот за да може да се ужива во најдобрата 4К резолуција. Web browser, screen mirroring, контрола од мобилен телефон се веќе стандард за секој смарт телевизор.

LG се уште нема објавено цела за овој модел, но ние сме сигурни дека ќе бидат прескапи. OLED телевизорот ќе може да се купи од вебсајтот на LG во февруари, а ќе го има по продавниците во март.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

11 причини зошто својот iPhone треба да го замените со новиот BlackBerry KEYone

Да, на пазарот има и подобри паметни телефони, како што е на пример новиот ...

Ова е Jelly, најмалиот и најевтин телефон на светот

Екранот на најмалиот паметен телефон на светот изнесува само 2,45 инчи. Компанијата Unihertz го ...

Демографската анализа на Фејсбук откри вознемирувачки факти

Фејсбук одамна престана да биде само социјална мрежа, но остана помалку необјаснив феномен. Доминацијата ...