Новиот проект на Uber: Летечки автомобили?

Новиот проект на Uber: Летечки автомобили?

Еден од проектите на Uber во иднина е летала кои ќе полетуваат и слетуваат вертикално, и кои новинарите ги нарекоа летечки автомобили.

Uber во само неколку години во целост го промени пазарот на такси превозот во бројни држави и градови во целиот свет, а оваа компанија моментално работи на два проекти кои би можеле да донесат уште поголеми и порадикални промени на пазарот. Еден од тие проекти се и автомобилите без возачи за кои досега разговаравме неколку пати, а иако на почетокот на тестирањето во Сан Франциско не поминаа најдобро, бидејќи автономните автомобили имаа проблеми со препознавањето на велосипедските стази, од Uber веруваат дека ќе ја исправат таа грешка, и дека за неколку години нивните такси возила без возач ќе итаат ширум градовите, превезувајќи патници од едно до друго место.

Другиот таков проект се однесува на возилата/леталата кои би можеле вертиално да полетуваат и слетуваат, односно летечки автомобили, како што ги нарекуваат некои новинари. Според зборовите на неколку инжинери, се работи за мали летечки возила кои може вертикално да слетуваат и полетуваат и што е најважно, за тоа не им е потребна писта, доволно е само малку простор пред куќата или на пример, врв на зграда. Со забрзаниот развој на технологијата, очекуваме за неколку години масовна употреба на овие возила, односно истиот развој кој се случил и со масовната употреба на класични автомобили.

Ваквата услуга на Uber има потенцијал радикално да ја промени урбаната мобилност и на луѓето да им го врати изгубеното време во секојдневните сообраќајни гужви.

Милиони луѓе ширум светот овој проект не го сметаат за научно фантастичен, имајќи во предвид дека до пред неколку години луѓето не веруваа во автономни автомобили кои работат на електрична енергија, а денес многу големи компании во светот масовно ги произведуваат а луѓето се почесто ги заменуваат своите класични автомобили со овие технолошки чуда.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Ова е момент за памтење во историјата на технологијата

    Според новите информации, уделот на Android помеѓу оперативните системи порасна на 37,93%, додека уделот ...

    Што значат броевите во имињата на автомобилот Faraday Future

    Електричниот кросовер кој е побрз и од суперавтомобил. Неодамна на CES саемот за потрошувачка ...

    Apple објави две нови реклами за камерата на iPhone 7 Plus

    Во рекламите Apple ја покажува Portrait Mode функцијата на iPhone 7 Plus моделот. Portrait ...