Огромен број на вооружени специјалци распоредени околу Собранието

Огромен број на вооружени специјалци распоредени околу Собранието

Што се случува?

Додека во Собранието попладнево пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се договараат, зградата на законодавниот дом е под засилено обезбедување, а на паркиралиштето кај Дом на АРМ во готовност се и педесетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со автоматско оружје, кациги и со штитови.

На паркиралиштето има две полициски оклопни возила и десетина „лендровери“, „марица“ и полициски минибуси. Од предната страна на Собранието, освен новинарските екипи и оградите за демонстранти, присуството на полицијата е малку забележливо, ако се изземе засилувањето пред стражарската куќичка од двајца полицијци со панцири, кациги и со автоматски пушки. Настрана, кон влезот од страната кај Дом на АРМ, веќе има два-три „лендровери“ со десетина припадници на ЕБР, кои се без автоматско оружје.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Албанија со луди изјави за руското влијание врз Македонија

    Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој претстојува во Вашингтон, тврди дека Албанија ...

    ЕУ во распад! После успешниот Брегзит, планови на Франција за Фрегзит

    Лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН) и кандидат за француски претседател, Марин Ле ...

    Како ќе изгледа новото знаме на Македонија?

    Во мојава неколкугодишна „кариера“ како колумнист имало моменти кога не се случило ништо (за ...