Ова е човекот кој наскоро ќе го замени Бил Гејтс и ќе стане најбогат човек на светот

Ова е човекот кој наскоро ќе го замени Бил Гејтс и ќе стане најбогат човек на светот

Го дочека вистискиот момент…

Богатството на Џеф Безос порасна за дваесетина милијарди долари оваа година, и сега го делат уште само неколку милијарди до заземањето на првото место на листата на најбогати луѓе на светот.

Цената на акциите на Amazon оваа година пораснаа за една третина и неодамна по прв пат надминаа илјада долари, а пазарната вредност на самата компанија сега е поголема од 485 милијарди долари, што посебно го развесели основачот и шефот на компанијата Џеф Безос кој има пазарен удел од 17%. Неговото богатство, на крилата на успехот на Amazon тукушто порасна за дваесетина милијарди оваа година, и сега е тежок повеќе од 85 милијарди долари и го делат уште само неколку милијарди од Бил Гејтс, чие богатство е проценето на нешто повеќе од 89 милијарди долари.

Џеф Безос ќе стане најбогат човек ан светот во текот на следните неколку дена, а во иднина за титулата најбогат човек на светот,наместо со Гејтс, ќе се бори со Марк Закерберг, кој иако е во раните триесети години, вреди повеќе од 65 милијарди долари и само во текот на оваа година, го зголеми богатството за повеќе од 15 милијарди долари.

Што се однесува до Amazon, оваа компанија е основана во 1994 година, и се искачи на четвртото место на највредни компании на светот, а пред неа се само Apple, Alphabet и Microsoft. Безос бизнисот со Amazon го започна од гаражата во Сиетл, започна со книги и набрзо се прошири на храна, облека, електроника и така натаму, па се до cloud computing сервиси, ТВ сервиси, а се попопуларен е и нивниот гласовен асистент Alexa, како и паметниот звучник Echo. Исто така, тој го купи Washnignton Post, ја основаше агенцијата за вселенски патувања Blue Origin и Bezos Expeditions, инвестициски фонд кој влегува во компании како Airbnb, Uber и Business Insider.

Интересно е што во секој годишен финансиски извештај за делувањето на компанијата, Безос користи писмо кое го испратил на акционерите во 1997 година во кој го објаснува својот пристап за делување и водење на Amazon. Наместо краткорочна профитабилност, Безос секогаш напоменува дек е фокусиран на долгорочен успех и позиција на лидер на пазарот, а со оглед на ситуацијата во која е сега Amazon, јасно е дека ваквиот пристап се исплател.

Уште една интересна работа која е поврзана со Џеф Безос, е кога во истражувањата за книгата “The Everything Store”, новинарот Бред Стон дозна дека неговиот биолошки татко Тед Јоргенсен, воопшто немал поим кој е неговиот син и со што се занимава. Јоргенсен и мајката на Безос, се венчале како тинејџери, а кога Џеф имал само 17 месеци, неговата мајка поднела барање за развод, после што се венча со Мигуел Безос.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Чудни пајаци кои имаат секс во тројка поради безбедност

    Додека една есенска ноќ трагал по пајаци во својот двор, биологот Метју Персонс, пронашол ...

    Што се случува на секс-забава на богатите?

    Еден од најлуксузните и најскапи секс клубови во светот со назив „Snctm“, неодамна ги ...

    Совет за плавуши: ако косата ви е слаба и кршлива, потребен ви е овој третман

    Плавата коса отсекогаш била во тренд. Жените кои се одлучуваат да станат плавуши, после ...