Ова е Jelly, најмалиот и најевтин телефон на светот

Ова е Jelly, најмалиот и најевтин телефон на светот

Екранот на најмалиот паметен телефон на светот изнесува само 2,45 инчи.

Компанијата Unihertz го направи еден од најмалите паметни телефонина светот познат под името Jelly.

Станува збор за 4G Android телефон со должина од само 6 сантиметри, кој има 2,45 инчен екран и дизајниран е да може да се смести и во најмалиот џеб.

Jelly доаѓа во три бои – бела, сина и црна, како и со MediaTek 6737M процесор со четири јадра со брзина на работен такт од 1.1 GHz, има 1 GB работна меморија и 8 GB интерна меморија, со можност за проширување. Телефонот поседува и предна камера од 2 MP и задна камера од 8 MP, а работи на оперативниот систем на Android (7.0 Nougat верзија).

Jelly е осмислен како дополнителен службен телефон, но е одличен и како примарен телефон за сите корисници кои од уредите првенствено очекуваат функционалност.

На овој мал уред можно е да ги инсталирате сите апликации за Android, па дури и оние кои изгледаат навистина минијатурно во однос на оние на кои сите сме навикнати.

Од компанијата Unihertz, најавуваат дека телефонот ќе пристигне ова лето, а ќе чини 60 американски долари.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Масовна тужба против Microsoft поради нивната надоградба на Windows 10

    На Сојузниот суд во државата Илиноис во Чикаго поднесена е заедничка тужба на незадоволни ...

    Пристигна новиот iOS: Погледнете какви промени ни донесе

    Apple ги објави финалните стабилни верзии на iOS 10.3 и watchOS 3.2 оперативни системи. ...

    DJ Trump – натерајте го Трамп да каже што сакате

    DJ Trump е онлајн видео миксер со кој ќе можете да го натерате претседателот ...