Pokémon Go со неверојатна заработка во 2016-та година

Pokémon Go со неверојатна заработка во 2016-та година

App Annie е компанија која го истражува маркетот на апликациите и истата таа ги објави резултатите од заработката на Pokémon Go – супер популарната игра за смартфони.

Pokémon Go се рангираше како најсимнувана игра за 2016-та година за iOS и Андроид и донесе приход од неверојатни 950 милиони долари! Ова се должи на тоа што играта е нешто ново на пазарот, се игра во real-world и е многу едноставна за играње.

Можеби фактот дека по претставувањето на Pokémon Go на 6-ти јули, играта за 110 дена заработи 800 милиони долари, побрзо од било која мобилна игра досега е уште поимпресивен. На Candy Crush и требаа 250 дена да стаса до оваа цифра, додека на Clash of Clans и требаа повеќе од 500 дена.

Pokémon Go успеа да привлече милиони “покемон тренери” и ги натера да ги користат своите смартфони додека се шетаат во парк, одат на работа и да ги натераат најстрасните гејмери да влегуваат по туѓи дворишта за да фаќаат покемони. Компанијата Niantic која ја направи играта, произлезе со статистика дека вкупниот број на луѓе кои играат Pokémon Go поминале вкупно 8.7 милијарди километри бркајќи покемони.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Седумгодишно девојче аплицирало за работа во Google и добила одговор

Седумгодишната Клои, решена да работи за Google, пратила писмо до нив и добила одговор. ...

Ова е Jelly, најмалиот и најевтин телефон на светот

Екранот на најмалиот паметен телефон на светот изнесува само 2,45 инчи. Компанијата Unihertz го ...

Ова се најпопуларните игри за смартфони за 2016-та година

Оваа година игрите за смартфони повторно беа најпрофитабилни за app-девелоперите. Точно 70% порасна приходот ...