Политичари повикани да сведочат за случајот Диво Насеље

Политичари повикани да сведочат за случајот Диво Насеље

Одбраната на обвинитетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ како свои сведоци повика голем број на политичари, меѓу кои има поранешни и актуелни функционери, но и лидери на политички партии.

Исто така одбраната побара од судот како сведоци да ги повика, Исни Шаќири, Шенаси Мехмети вработен во УБК и Стојанче Ангелов од политичката партија “Достоинство“. Одбраната бара сведок да биде и преведувачот на ОБСЕ, Бехар Граждани.

Адвокатите очекуваат судот да ги прифати сите спомнати лица, бидејќи според нив сите имаат сознанија за овој случај.

Од друга страна Јавното Обвинителство, како доказен материјал достави ЦД на кое се наоѓаат пишани документи за целата полициска акција.

Заев во повеќе интервјуа досега спомнуваше дека за случајот „Диво Насеље“ има поголема позадина која треба да биде опфатена, но за тоа се потребни докази и ангажман на истражните органи.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Моторциклистот кој се удри во Полициско возило се бори за живот

    Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во центарот на Скопје на раскрсницата на улиците ...

    Apple, Google, Facebook со тужба против Трамп поради…

    Околу 100 компании, меѓу кои се Apple, Google и FAcebook, поднесоа заедничка тужба против ...

    Утре бесплатен воз за сите што сакаат да го празнуваат празникот Св.Трифун

    Во Демир Капија секоја година се чествува празникот св.Трифун кој се смета како заштитник ...