Претставена новата Nokia 3310 – Погледнете како изгледа

Претставена новата Nokia 3310 – Погледнете како изгледа

Популарната Nokia 3310 се врати во модерна верзија која во неделата беше претставена на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона.

Nokia продаде 126 милиони примероци на својот оригинален мобилен телефон 3310 од моментот кога за прв пат беше претставен во светот, во 2000 година. Беше тоа време пред iPhone и Samsung телефоните, а Nokia владееше со пазарот и им овозможи на корисниците уживање во едноставните игри како Snake.

Сега Nokia 3310 оствари носталгично враќање во модерна верзија која носи некои подобрувања, но не преголеми. Овој телефон доби малечок 2.4 инчен екран, камера од само 2 мегапиксели и интерна меморија од само 16 мегабајти.

Сепак, овој модел е нешто помал и потенок, а доаѓа во повеќе бои. Она што на купувачите веројатно им е најважно, е што батеријата може да издржи 22 часа разговори, а доколку не се користи, може да издржи и 31 ден.

Оваа лепотица на пазарот ќе се најде оваа година, и тоа по цена од 49 евра.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Таткото на литиум-јонските батерии има нов изум кој менува се

    Изумителот на литиум-јонските батерии, 94 годишниот Џон Гуденаф дојде до ново важно откритие – ...

    Новиот iPhone 8 ќе има дисплеј со повисока резолуција

    Apple конечно се реши да ја зголеми резолуцијата кај нивните смартфони. Денес ја дознаваме резолуцијата ...

    Facebook расте како чудовиште кое упорно доминира

    Facebook неодамна ја одржа својата F8 конференција на која претстави неколку интересни новитети. Facebook ...