Пристигна новиот iOS: Погледнете какви промени ни донесе

Пристигна новиот iOS: Погледнете какви промени ни донесе

Apple ги објави финалните стабилни верзии на iOS 10.3 и watchOS 3.2 оперативни системи.

Компанијата Apple објави нова верзија на iOS оперативниот систем 10.3, наменет за компатибилните iPhone, iPad, iPod touch и Apple Watch уредите. Надоградбата е достапна преку OTA надоградбите и iTunes, а верзијата 10.3 ни носи некои значајни промени, како во изгледот на корисничкиот интерфејс така и во работата на самиот систем.

Еден од новитетите кои ни ги донесе iOS 10.3 е опцијата за сите сопственици на AirPod слушалките, Find My AirPod, кои емитираат звук кој помага при лоцирањето на исчезнатите или зафрлени слушалки, како и нивната локација на која последен пат се синхронизирани со телефонот.

Надоградбата ја подобри и функционалноста на виртуелната асистентка Сири, која отсега подржува плаќање на сметки и проверка на статусот со апликации за плаќање, резервирање возење со апликациите за превоз, проверка на состојбата на горивото во автомобилот, палење на светлата и активирање на сирена со апликација на производителите на автомобили.

Другите промени ја вклучуваат поддршката за новата iTunes опција која ви овозможува да изнајмите филмови на еден од вашите Apple уреди и да ги гледате на било кој друг уред. Тука е и новиот соединет поглед на вашиот Apple ID на самиот врв на Settings апликацијата и уште неколку мали интересни опции.

Што се однесува до подобрување на перформансите, iOS 10.3 исто така донесе поддршка за Apple File System или APFS. Што се однесува до watchOS 3.2, тој сега има Theater Mode, кој вклучува тивок начин на работа и го држи екранот изгасен се со цел да не се пали и да пречи додека се наоѓате во темни простории како кино или теактар, а можете да го активирате со помош на допир на прстот.

Напомена: Пред да направите надоградба на новиот систем, задолжително направете резервна копија на податоците (backup) на својот паметен уред.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Погледнете ја оваа бразлетна која функционира како powerbank

    NIFTYX тимот сака да произведува бразлетни кои се модерни за носење и кои можат ...

    Лесно се лупи бојата на црниот iPhone 7? (Фото)

    Во септември минатата година, Apple заедно со новиот iPhone 7 ги претстави и двете ...

    Погледнете како ќе изгледа новиот Samsung Galaxy S8 (Фото)

    Според информациите што се знаат за новиот Galaxy S8, дизајнерите од DesignWoOS успеаа сликовито ...