Проститутка од Србија раскажува што и се случува после секс

Проститутка од Србија раскажува што и се случува после секс

На улиците во Нови Сад работат повеќе од 300 проститутки. Живеат во беда, секојдневно се тепани од макроа, муштериии и мажи.

– Почнав да се бавам со проституција од 17. години. Родив девојче и морав да работам поради нејзе, да имаме да јадеме и пиеме – раскажува 21-годишната девојка. Во работата ја внела нејзината вујна, која како што вели ја научила да работи. Нивниот живот е пекол, невработени се и сиромашни, не постои место и време каде што не трпат насилство – од минувачите и жените додека стојат на тротоарите, до оние на кои им пружаат сексуални услуги и партнерите со кои живеат.

– Најважно ми е моето дете да има да јаде – раскажува за Дојче Веле 21-годишната сексуална работничка.

Друга девојка раскажува:

– Пред две години имав скршена половина и нозе. Мислеше дека сум го украла, фалеше малку да ми ја пресече главата. Бев нападната и претепана. Не влечат за коса, шамараат и шутираат. Одам со нив и ќе го одработам моето за на крај да не ми платат или пак да ми ги земат парите што ги имам. Морам да му ги дадам за да не ме претепа, но залудно на крај пак ќе ме претепа.

Само на улиците во Нови Сад има повеќе од 300 проститутки, покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје во Србија. Најчесто тоа се млади девојки од 18 до 29 години кои чекаат муштерии на неколку стандардни места. Телото најчесто го продаваат за 1.000 до 1.500 динари.

Проституцијата во Србија се смета за прекршок, а регулирана е само со еден член во Законот за јавен ред и мир. Со него се предвидува казна затвор од 30 до 60 дена за лица кои се проституираат со можност за плаќање. Најчесто таа казна (и до 150.000 динари) проститутките не можат да ја платат па одат во затвор.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Дедото што 22 години храни улични мачки ќе ви ја врати вербата во човештвото

    Вили Ортиз е 76 годишен старец од Конектикат кој собира старо железо за да преживее. Во ...

    Неколку причини кои ве прават одбивни и непривлечни

    Дали сте се запрашале дали сте секогаш негативни, недоверливи и нечесни? Сите сакаме да ...

    Што значи доколку жолчката на јајцето има црвена дамка?

    Многумина се во заблуда, бидејќи се уверени дека крвавата дамка во жолчката е показател ...